Обрван: „Мораме да ја подобриме колективната игра, денес бевме спори„
Три различни видови на натпревари, последните два нешто подраматични, но во ниту еден момент во последните две минути не влеговме стравувајќи за победата и бодовите. Точно е дека и со Иран и со Босна имавме и негативни амплитуди, но почести беа позитивните и затоа победивме. Селекторот Ивица Обрван трезвено го анализираше мечот и уште еднаш нагласи дека на турнирот доведе 18 ракометари и има намера секој максимално да го искористи во овие нешто повеќе од две недели:
Втор часовник за Дејан Манасков
Откако одигра одличен меч и со Тунис и со Иран, како и во петокот брзото македонско крило Дејан Манасков беше прогласен за играч на натптреварот и вечерва против Босна и Херцеговина. Со 6 гола од 7 обиди, одлична игра во двата правци и физичка беспрекорна подготвеност, крилото на Металург и македонската репрезентација во континуитет игра многу добро во дресот со државниот грб.
Реми со многу драматика на Тунис и Австрија
Тунис и на Австрија одиграа без победник, 25:25 (15:14) и му „подадоа рака„ на Македонија во борбата најмалку за второто место во групата Б. Овој меч донесе навистина многу возбудувања, па двата тима во интервали влегуваа вопозитивен и негативен момент.
Катар го обезбеди најмалку второто место, тренинг победа на Хрватска
Голема победа за катарската репрезентација против Словенија, со што за прв пат оваа мала земја обезбеди осминафинале на едно светско првенство во ракомет. Момците на Валеро Ривера го совладаа тимот на Дениќ со 31:29 (18:15). Словенците добро отворија и водеа со 10:7 во 17 минута. Но од тој момент Ривера ја смени одбраната и во „бркотницата „ домашната репрезентација подобро се снајде.
ВИДЕО: Прибак: „Сите имаме заедничка цел, не е важно кој погодува„
Во моментите кога се „кршеше„ резултатот, ракометарот на Вардар Немања Прибак постигна три гола и покажа дека овој ростер има ширина и мечевите можат да решаваат сите повикани од селекторот Ивица Обрван. Дури и со ракометар помалку на овој меч реагиравме многу солидно, па тоа е една од причина зошто успеавме да ја совладаме жилавата Босна:
ВИДЕО: Стоилов: „Тешко ни падна црвениот картон на Јоноски, но одбраната беше одлична„
Три гола, многу пот, игра во два правци и одлична координација со нашите надворешни ракометари. Тоа е учинокот на нашиот кружен напаѓач Стојанче Стоилов, кој по втор пат е директен сведок на пласман во осминафинале на нашата најдобра ракометна репрезентација. Тој во разговорот со „седмата сила„ по мечот потенцираше:
Денешната победа, јубилејна десетта на мундијалите
Со денешната победа над Б и Х, македонската ракометна репрезентација на досегашните натпревари одиграни на светските првенства стигна до јубилејната десетта победа на 22 одиграни натревара.
ВИДЕО: Миркуловски: „Победивме, а можеме уште многу повеќе„
Интелегенцијата и лидерските способности на овој турнир се почесто се заштитен знак на плејмејкерот Филип Миркуловски кој во голем стил го отвори мечот, а во играта на периоди имаше свои моменти и во вториот дел. Со три гола и уште толку асистенции, ракометатор на Металург, даде немерлив придонес за третата победа во серија. Тој назначи дека не се победуваат така лесно три врзани средби на мундијал и му дава голем значај на оствареното до сега:
ВИДЕО: Лазаров: „Со оваа победа имаме мир пред мечот со Хрватска„
Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров веднаш ја истакна важноста на оваа победа, која е многу блиску по значајот како и онаа првата против Тунис. Тој ја смести нашата партија против момците на Марковиќ како втора најдобра на турнирот по онаа во петокот со афричкиот вицешампион. Десниот бек на нашата репрезентација дури и потенцираше дека ова е далеку од целосниот потенцијал на оваа селекција:
Со било која гарнитура на дресови Македонија победува
На првиот меч против Тунис, нашите ракометари настапија во црвени дресови и тоа им донесе среќа и победа. Ден подоцна ги одбравме жолтите дресови за мечот со Иран и пак се радувавме на бодовите. Денес на мечот со Б и Х, Македонија се појави во бели дресови и успеа да ја совлада репрезентацијата на Жарко Марковиќ.