Совладана и Босна, Македонија е веќе осминафиналист
Б група
Б и Х - Македонија 22:25 (11:13)
Многу повеќе македонски од босански навивачи го дочекаа мечот во Ал Саад во рамките на третото коло.Мечот добро го почнаа нашите ракометари и откако Манасков изнуди казнен удар и исклучување, Лазаров од седум метри го отвори резултатот. Следеше „камена„ одбрана и два комбинаторни гола на Миркуловски за 0:3 во 5 минута. Борко Ристовски по втор пат се јави во улога на додавач и го најде Никола Марковски, по чиј што гол Марковиќ побара тајм-аут при 0:4. Торомановиќ дури во 7 минута го постигна првиот гол за нашиот ривал.
Шпанија со три од три победи, а Белорусија со три нули
Светскиот првак Шпанија ја забележа и третата победа и со крупни чекори граби кон освојување на првото место во А групата. Не се ни очекуваше изненадување во мечот со аутсајдерот Чиле, кого момците на Каденас го совладаа со 37:16 (14:7).
Македонија убедливо прва на листата на асистенти по две кола
Во пресрет на третото коло кое започнува денес, севкупната статистика вели дека Македонија има најголем број на екипни асистенции и убедливо води во овој податок. Со 44 точни додавања за гол, момците на Обрван издвоија свој стил на игра, во кој има многу комбинаторика и имагинација.
Македонија секогаш победува на Водици
Традицијата вели дека секогаш кога нашите ракометари играат на големиот христијански празник Богојавление Водици, тие победуваат. На овој ден во 2012 година на ЕП во Србија, Македонија во клучниот натпревар за пласман во следната фаза ја совлада Чешка со 27:21 и ја оствари целта.
Марковиќ: „Лазаров е најдобар, а Македонија мој таен фаворит„
Серија на комплименти и критики собира босанскиот селектор Драган Марковиќ по првите два натпревари на ова светско првенство. Многубројните босански навивачи во Катар веруваат дека нивната репрезентација ќе се издигне против Македонија, со што би верувала во осминафинале. Сепак селекторот Марковиќ најавува дека Босна попладнево ќе игра со еден од фаворитите од „сенка„ на овој мундијал:
Литвански судии ќе го водат мечот Македонија - Босна
Утринава беа објавени делегирањата за мечевите од првата половина на третото коло, кое се игра денес. Литванските судии Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика ќе ја делат правдата на мечот Македонија - Босна во 17 часот по средно европско време во „Али бин Хамед Ал Атијах арената„ во областа Ал Саад во центарот на Доха.
ВИДЕО: Карачиќ: „Ако имаме помалку „црни дупку„ не сме без шанси„
Иако разочарани по поразот од Австрија посебно по лошото второ полувреме, ракометарите на Босна и Херцеговина не престануваат да веруваат во победа над Македонија и пласман во осминафиналето на светското првенство. Сите ја респектираат нашата селекција, но не исклучуваат изненадување:
Скинати лигаментите од коленото на босанецот Савиќ
За Дарко Савиќ веројатно светското првенство заврши. Лекарските прегледи ги потврдија стравувањата дека станува збор за посериозна повреда, бидејќи страдаа предните лигаменти на коленото на босанскиот репрезентативец. Селекторот Марковиќ за мечот со Македонија на негово место ќе го пријави Мухамед Зулфиќ.
ВИДЕО: Вајнхолд: „Клучен момент беа првите минути во вториот дел„
По повредата на Холгер Гландорф, неговиот до минатата година клубски другар од Фленсбург, Штефен Вајнхолд задоволен беше по победата над Русија и потенцираше дека клучен момент беше разговорот во соблекувалната и првите пет минути во вториот дел, кога германците го стигнаа руското водство:
ВИДЕО: Сарачевиќ: „Хрватска има повеќе звезди, Македонија има колектив„
Еден од најдобрите леваци на овие простори на сите времиња, бившиот југословенски и хрватски репрезентативец Златан Сарачевиќ го анализираше почетокот на првенството во Катар и се осврна во перспектива и на натпреварот Македонија - Хрватска кој следи во 4 коло од Б групата во „Духаилн арената„: