hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Стоилов: „Тешко ни падна црвениот картон на Јоноски, но одбраната беше одлична„

stoilov2-624x4211

Три гола, многу пот, игра во два правци и одлична координација со нашите надворешни ракометари. Тоа е учинокот на нашиот кружен напаѓач Стојанче Стоилов, кој по втор пат е директен сведок на пласман во осминафинале на нашата најдобра ракометна репрезентација. Тој во разговорот со „седмата сила„ по мечот потенцираше:

„Видовме дека на ова првенство има нeобични одлуки на судиите, но мислам дека како за нас, судиите судат исто и за противниците, па сигурен сум дека ако и нив ги прашате за арбитражата, ќе одговорат исто. Одигравме тежок меч како и што очекувавме, Босна се покажа дека е „тврд орев" и знаевме дека за победникот ќе одлучи добрата одбрана. Малку потфрливме во нападот, но сепак, на крајот ние славевме. Исклучувањето на Јоноски нѝ падна малку тешко, но мислам дека добро се снајдовме. Најважно од сѐ е дека победивме" заклучи кружниот напаѓач на Вардар и националната репрезентација.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share