hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Обрван: „Мораме да ја подобриме колективната игра, денес бевме спори„

BOSNIA AND HERZEGOVINA VS FYRO MACEDONIA 150119Qatar 2015 M27 BIH vs MKD-GEO15 xlarge

Три различни видови на натпревари, последните два нешто подраматични, но во ниту еден момент во последните две минути не влеговме стравувајќи за победата и бодовите. Точно е дека и со Иран и со Босна имавме и негативни амплитуди, но почести беа позитивните и затоа победивме. Селекторот Ивица Обрван трезвено го анализираше мечот и уште еднаш нагласи дека на турнирот доведе 18 ракометари и има намера секој максимално да го искористи во овие нешто повеќе од две недели:

„Почетокот беше одличен, имавме еуфорични одбрани па индивидуални решенија и контри, но немавме течности во играта, брзина на проток на топката. За разлика од она што не красеше со Тунис, сега бевме поспори. Ниту Кире немаше свој шутерски ден, но присилени сте таков играч и шутер да го чекате едно полувреме да видите. Босна се врати во игра, со нивната добра игра и наша лоша игра. Го искористиме нашето искуство во завршницата. Нив им затрепери раката, а ние реализиравме. На следните натпревари ќе бидеме на уште повисоко ниво. Мораме да ја подобриме колективната игра. Вугринец би го пофалил, а и Прибак кој постигна клучни голови. Борко одбрани клучни топки„ рече на официјалната прес-конференција селекторот на македонската репрезентација, Ивица Обрван.

Share