hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Прибак: „Сите имаме заедничка цел, не е важно кој погодува„

pribak-624x491

Во моментите кога се „кршеше„ резултатот, ракометарот на Вардар Немања Прибак постигна три гола и покажа дека овој ростер има ширина и мечевите можат да решаваат сите повикани од селекторот Ивица Обрван. Дури и со ракометар помалку на овој меч реагиравме многу солидно, па тоа е една од причина зошто успеавме да ја совладаме жилавата Босна:

„Сите сме професионалци, сите сме свесни зошто сме тука и имаме една заедничка цел. Кога играм за клуб исто така размислувам, не мислам колку играм, сите играме еден за друг. Почнав лошо, но потоа се случи да дадам некои решавачки голови, но секој од нас може да го направи тоа. Важен е колективот. Задоволен сум како игравме, можеби не сме најдобра селекција на овој турнир, но покажавме карактер. Босна не е наивна екипа, со добра одбрана, со одличен голман, со мотивација, тие се вратија. Но ние сепак, имавме нешто повеќе од нив„ истакна Прибак кој по петте гола против Иран, денес додаде уште три во третата победа на нашиот национален тим.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share