hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Лазаров: „Со оваа победа имаме мир пред мечот со Хрватска„

kire-11-624x396

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров веднаш ја истакна важноста на оваа победа, која е многу блиску по значајот како и онаа првата против Тунис. Тој ја смести нашата партија против момците на Марковиќ како втора најдобра на турнирот по онаа во петокот со афричкиот вицешампион. Десниот бек на нашата репрезентација дури и потенцираше дека ова е далеку од целосниот потенцијал на оваа селекција:

„Овој датум не го означивме, но ова е многу важна победа за нас, со која добивме мир за следните натпревари. Го осигуравме второто место, но нема да калкулираме во продолжението. Ме радува што освоивме бодови во не многу импресивна игра. Босна се покажа како квалитетен противник, со гранитна одбрана и добар голман, а можеби и ние малку ги потценивме. Тие ја платија цената што прв пат играат на светско првенство. Покажавме карактер и концентрираност во клучните моменти. Но, ова не е сѐ од нас бидејќи имаме уште резерва за покажување. Сега треба добро да се одмориме и да се покажеме во најдобро светло против 'коцкестите'" рече Лазаров на средбата со новинарите во микс-зоната по натпреварот. Ракометарот на Барселона има 22 постигнати гола на првите три натпревари, а расте и неговиот број на асистенции.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share