Службено реми на дуелот Веспрем - Нант
Натпреварот кој меѓу Веспрем и Нант, кој вчера не се одигра, а беше откажан заради ковид-19 случај меѓу судиите од Хрватска, регистриран е со службено реми.
Одложен натпреварот од ЛШ меѓу Веспрем и Нант
Дуелот од последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите меѓу унгарски Веспрем и Нант не се одигра, а причината е во позитивниот наод на тестирањето на ковид 19 кај еден од судиите од Хрватска, Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица.
Тешка гостинска победа за Нант во Иври
Иври - Нант 24:25 (13:11)
По европските успеси против ППД Загреб и Кил, тимот на Нант на Кирил Лазаров оствари минимална победа со 24:25 на гостувањето кај Иври во рамките на 17. коло од првенството на Франција. Во завршните минути од првиот дел, домашниот Иври се одлепи и обезбеди предност од 13:11 на полувреме. Со сличен ритам се играше и во поголемиот дел од второто полувреме, но во самиот финиш Нант влезе во ритам и со одлична серија впиша нови бодови на своето конто.
Селекторот Лазаров го скрати списокот за двомечот против светскиот првак
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објавува списокот на повикани ракометари за собир за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Данска во квалификациите за Европското првенство во 2022 година.
Лазаров блесна против европскиот првак, Кил извлече реми во Нант
Нант - Кил 24:24 (12:9)
Францускиот претставник во Лигата на шампионите, Нант, уште еднаш потврди дека е традиционално незгоден противник за европскиот првак Кил. Откако го декласира во Германија кон крајот на 2020 година, вечерва пропушти можност да го совлада на домашен терен и дуелот заврши без победник, 24:24.
Супер-финиш на домаќините, Нант вторпат го надигра ППД Загреб
Нант - ППД Загреб 30:28 (13:14)
Нант вторпат оваа сезона го совлада поранешниот европски првак, ППД Загреб, а Кирил Лазаров се радуваше на триумф против поранешниот клуб. Сепак, за разлика од победата на многу полесен начин во главниот град на Хрватска, вечерва во Франција, момците на Алберто Ентрериос многу потешко дојдоа до бодовите. Ракометарите на Нант славеа со 30:28, со подобар финиш од „плинарите", на чија клупа од пред неколку дена седна Ивица Обрван.
Лазаров во идеалниот тим во 17. коло на францускиот шампионат
Кирил Лазаров доби ново признание и се најде во најдобриот тим на најсилната лига на Франција во 17. коло. Нант одигра нерешено против тимот на Аикс Прованс (23-23), a Лазаров беше стрелец на шест гола и одигра најдобро во екипата.
Лазаров блескаше, Нант ремизираше во дербито на францускиот викенд
Нант - Аикс Прованс 23:23 (13-10)
Секој натпревар во француското ракометно првенство е тежок и неизвесен. Дербито овој викенд го одиграа две екипи од врвот, а Нант на Кирил Лазаров ремизирше со Аикс Прованс со 23:23.
Селекторот Лазаров го објави списокот за двомечот против Данска
Селекторот на Македонската сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Данска.
Лазаров за ИХФ: Сакам предизвици, научив многу од големите тренери со кои работев!
Кирил Лазаров е назначен за нов селектор на македонската сениорска репрезентација со која има амбиции да продолжи кон нови големи натпреварувања.
Лазаров за официјалниот веб страница на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) зборуваше за неговиот следен предизвик.
- „Отсекогаш сакам големи предизвици, ова секогаш ми помагаше да станам подобар и да бидам себеси. Задоволство ми е што сум селектор на македонската машка репрезентација, за која играв од 1997 година. Свесен сум за предизвиците, свесен сум колку ќе биде тешко, но сепак верувам дека можам да го подобрам тимот и работам за истиот", смета Лазаров.
Создавањето на нов „Лазаров" или нова генерација за македонскиот ракомет не е лесна задача и не може да се брза, и покрај амбициите и очекувањата на навивачите.
Кире е свесен за тоа, неговата мотивација и работна етика секогаш беа врвни, како капитен на неговата репрезентација. Тој не очекува ништо друго од својот состав, сега на својата позиција како тренер.
- „Јас секогаш имам високи амбиции. Тоа е првиот услов да се успее. Имав одлична кариера како играч, но тоа не значи дека немав проблеми. Ќе биде исто како тренер. Затоа успеваат само најпосветените и најиздржливите. Работев со многу големи тренери во кариерата. Научив многу од нив и ќе спроведам дел од тоа во мојата тренерска кариера", додаде Лазаров.
Македонската легенда потоа се осврна на најдобриот момент во репрезентативниот дрес.
- „Омилен момент? Можеби Светското првенство во Хрватска во 1999 година, кога постигнав 92 гола за мојата земја на турнирот. Тоа постигнување е рекорд на сите шампионати. Задоволен сум за тоа што го остварив во мојата кариера.
Комплетното интервју можете да го прочитате на следниот линк:
Повеќе артикли...
- Лазаров блескаше против поранешниот клуб, Нант минимално загуби од Барселона
- Нант се прошета во Загреб и покажа дека се враќа во победнички ритам
- Лазаров: Никогаш не сум ја одбил Македонија, ќе променам многу во однос на играта
- Кирил Лазаров е новиот селектор на македонската ракометна репрезентација