Шок за триколорите - Онеста му ја одзеде траката на Жером
Трофејниот француски селектор, Клод Онеста во текот на мундијалот донесе радикална одлука за смена на капитенот, ветеранот Жером Фернандез:
Обрван ќе ги тргне емоциите, Голужа најавува „спортска војна„
По една преспиена ноќ аргументот Босна е заборавен и свртена е нова страница која го најавува мечот кој ќе го даде победникот на Б групата. Македонија за прв пат ќе игра во „Духаил арената„ каде Хрватска има среќа да ги игра сите свои натпревари. По скоро две децении за прв пат ќе играме официјален натпревар со Хрватска и вистинска реткост е што по денешниот дуел на Германија и Данска со два исландски стручњаци, утре еден наспроти друг ќе бидат двајца хрватски тренери:
Начевски и Николов вечерва судат на мечот Шведска - Алжир
Македонскиот судиски пар, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, светската ракометна федерација ги делегира за делење на правдата на мечот од третото коло во Ц групата во Ал Саад помеѓу Шведска и Алжир во 19 часот по средно европско време.
ВИДЕО: Миркуловски: „Не треба да ја прецениме Хрватска, ќе се бориме до крај„
Помешани импресии од задоволство по трите победи и остварената цел уште на 3-4 дена до крајот на групната фаза и силни мотиви пред мечот со европскиот великан, Хрватска ги краси нашите момци во текот на денешниот слободен ден. На брифингот на кој немаше слободно место од македонски и хрватски новинари, Филип Миркуловски го најави утрешното балканско дерби. Второ за нас по она со Босна, кое добро го минавме:
ВИДЕО: Јоханесон: „Ми се допаѓа Македонија зошто игра ракомет со глава„
Селекторот на австриската репрезентација, исланѓанецот Патрекур Јоханесон се обиде максимално да ги „издрибла„ сите прашања поврзани со македонската репрезентација. Секако дека однапред знае со кого ќе игра во петтото коло наредниот петок, но приоритет му дава на мечот со Иран в среда. Така и треба да биде зошто на светско првенство нема слаби противници и однапред впишани бодови:
Пет селекции се веќе осминафиналисти на мундијалот
Денес ќе се комплетира третото коло на светското првенство а веќе се знаат пет селекции кои имаат „виза„ за осминафиналето. По третиот последователен триумф македонските ракометари веќе го потврдија пласманот меѓу 16 најдобри, а со максимален учинок во Б групата во моментов е и селекцијата на Хрватска која исто така е сигурен учесник во елиминациската фаза.
ВИДЕО: Прце: „Пак загубивме од нашите инвидуални глупости„
Еден од најценетите босански репрезентативци Никола Прце по натпреварот беше видно лут и ја обвини својата селекција како главен виновник за поразот од Македонија. На сличен начин како и против Австрија момците на Марковиќ направија серија на инвидуални грешки и испуштија од раце меч кој за нив многу ветуваше:
ВИДЕО: Прибак: „Имаме голем респект за Хрватска, тие играле многу финалиња„
Еден од најсилните противници против кои сме играле и ќе играме сигурно е Хрватска на Славко Голужа. Сите се свесни дека за подвиг против „коцекстите„ потребен е перфектен натпревар и многу спортска среќа. Немања Прибак уште еднаш го потенцира респектот кон оваа репрезентација и верува дека сепак може рамноправно да се игра со овој ривал:
ВИДЕО: Н. Мојсоски: „Се виде нашето искуство, со Хрватска по првото место„
Наумче Мојсоски пак имаше моменти на висока класа, кога погодуваше на ефектен начин низ босанските горостаси, но како и многу негови соиграчи и тој потенцираше дека Босна денес изгледаше како ние кога прв пат се појавивме на големата сцена. Тоа искуство од натпревари и континуитет на турнири денес дојде до израз:
Марковиќ: „Ги налутивме македонците, па докажаа дека се големи„
Многу босански новинари на сите три натпревари на нивната репрезентација видоа „црни дупки„ многу невообичаени падови во играта, и ако со Иран тоа беше надоместливо, против Австрија и Македонија, квалитетот на противникот не дозволи такви периоди на лоша игра. Многу достоинствено босанскиот селектор Марковиќ го призна поразот и напомена дека само големите селекции остануваат мирни, кога се под притисок: