hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шпанија со три од три победи, а Белорусија со три нули

spaniaj

Светскиот првак Шпанија ја забележа и третата победа и со крупни чекори граби кон освојување на првото место во А групата. Не се ни очекуваше изненадување во мечот со аутсајдерот Чиле, кого момците на Каденас го совладаа со 37:16 (14:7).

Крилата Ривера со 7 и Угалде со 6 гола беа најефикасни во победничката селекција. Голем чекор назад направи Белорусија, која го претрпе третиот пораз и се „држи на сламка спас„ за осминафиналето. Рутенка и другарите загубија од Бразил на шпанскиот стручњак, Жорди Рибера со 34:29 (16:12). Во селекцијата вицешампион на Јужна Америка, Фелипе Рибеиро со 9 гола, а 6 додаде ракометарот на Натурхаус Ла Роха, Тиагус Сантос. Кај Белорусија браќата Рутенка и Никуленкау постигнаа по 6 гола.

Шпанија - Чиле 37:16 (14:7)

Бразил - Белорусија 34:29 (16:12)

Share