hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Совладана и Босна, Македонија е веќе осминафиналист

BOSNIA AND HERZEGOVINA VS FYRO MACEDONIA 150119Qatar 2015 M27 BIH vs MKD-GEO01 xlarge

Б група
Б и Х - Македонија 22:25 (11:13)

Многу повеќе македонски од босански навивачи го дочекаа мечот во Ал Саад во рамките на третото коло.Мечот добро го почнаа нашите ракометари и откако Манасков изнуди казнен удар и исклучување, Лазаров од седум метри го отвори резултатот. Следеше „камена„ одбрана и два комбинаторни гола на Миркуловски за 0:3 во 5 минута. Борко Ристовски по втор пат се јави во улога на додавач и го најде Никола Марковски, по чиј што гол Марковиќ побара тајм-аут при 0:4. Торомановиќ дури во 7 минута го постигна првиот гол за нашиот ривал.

Нашата скоро па перфектна игра ја продолжи Дејан Манасков со својот првенец за 1:6 на крајот на првата третина од мечот. По исклучувањето на Ацо Јоноски, босанците се доближија со два гола од далечина на Малиновиќ и Карачиќ. Како прекомотно да се чувствувавме со убедливо водство и нанижавме три технички грешки за 5:6 за минута одмор на Обрван. Само Борко Ристовски и неговата чудесна двојна одбрана по ударот на Терзиќ во 18 минута го одржа нашето водство. Но и Бенџамин Буриќ собра 6 одбрани и Малиновиќ израмни на 6:6. Нашата селекција скоро 9 минути беше без псотигнат гол. Карачиќ со лоб удар во 20 минута за прв пат ја донесе Б и Х во водство (7:6). Стоилов и Гоце Георгиевски најдобро го материјализираа исклучувањето на Фарук Вражалиќ за враќање на нашето водство (7:8). Повеќе од противникот грижи ни предизвика второто исклучување на Ацо Јоноски уште во 23 минута. По подолго време погодија и нашите бекови, кога Наумче Мојсоски два пати ефектно ја затресе мрежата на Буриќ за 8:11 во 27 минута.

 

BOSNIA AND HERZEGOVINA VS FYRO MACEDONIA 150119Qatar 2015 M27 BIH vs MKD-GEO03 xlarge

По нашиот позитивен бран следуваше босанскиот, па со првите голови на Овчина и Челица, Б и Х се доближи до 10:11. Во последната минута влеговме со +3, благодарение на Борко Ристовски и головите од контра на нашите крила Манасков и Гоергиевски. Со најлошото можно сценарио заврши првиот дел, со исклучување на Велко Марковски и гол на Овчина за 11:13. Вториот дел почна лошо по нашите момци. Прце и Буриќ ја искористија бројчената предност и во 33 минута, момците на Марковиќ израмнија на 13:13. Дури во петтата минута од вториот дел Македонија го постигна првиот гол во продолжението, кога Манасков реализираше контра по четврт пат во мечот. Се играше гол за гол, со минималец за нашиот национален тим. Бенџамин Буриќ го одбрани седмерецот на Вугринец, а неговиот брат Сенјамин за прв пат во вториот дел за доведе Босна во водство (18:17).

BOSNIA AND HERZEGOVINA VS FYRO MACEDONIA 150119Qatar 2015 M27 BIH vs MKD- NIC1411 xlarge

Го минавме периодот со двајца ракометари помалку и Немања Прибак погоди од крилна позиција за 18:19. Подоцна ракометарот на Вардар реализираше и од позиција на среден бек за +2 за Македонија на 12 минути до крајот. Капитенот со нов седмерец во 52 минута го одлепи нашиот тим на +3. Но во следниот напад заради трето исклучување Ацо Јоноски заработи црвен картон. Прце и Малиновиќ ја користат играта 6 на 5 и Босна намалува на 21:22 на 6 минути до крајот. Лазаров пак погоди од казнен удар и во 55 минута Македонија поведе со +2, пред тајм-аутот на Жарко Марковиќ. Вугринец со својот втор гол во 56 минута не доближи до третата победа на мундијалот (21:24). Важен момент во мечот беше голот на Прибак и исклучувањето на Овчина за 22:25 на две минути до крајот. Искусно момците на Обрван го приведоа мечот кон крај со финални 22:25 и за прв пат Македонија врза три победи на една голема ракометна приредба. Со тоа и математички е обезбедено осминафиналето наредниот викенд.

Во нашата репрезентација Борко Ристовски имаше 11 интервенции, најефикасен беше Дјан Манасков со 6 гола, по 3 дадоа Лазаров, прибак, Георгиевски и Миркуловски. Кај босанците голманот Бенџамин Буриќ ја имаше најдобрата партија на светското првенство со 15 одбрани. Неговиот брат Сењамин со 4 гола постигна најмногу голови меѓу нашиот противник.

Комплетниот извештај од натптреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share