Хорачек и Новотни ќе ни судат против Хрватска
Нашиот четврт натпревар во Б групата од мундијалот против Хрватска е прогласен за дерби на денот, а привилегијата да го водат ја имаат судиите од Чешка Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни. Овие судии последен пат ни судеа пед две години во Шпанија кога загубивме од Исланд со 19:23. Во Катар судеа на два натпревари и тоа во победата на шпанците против Белорусија, 38:33 и тесниот триумф на Полска против Аргентина 24:23. Мечот почнува во 17 часот по средно европско време.
ФОТО: Катарските фанови се шпанци и навиваат на шпански јазик
На стартот на првенството сите беа изненадени од веста дека Катар платил стотина навивачи од Шпанија, како би навивале за оваа мала азиска земја на светското првенство. И не само што навивачите пристигнаа, се „обоија„ во катарските бои, туку и пеат шпански песни и ги бодрат ракометарите на Валеро Ривера со типичните слогани од шпанските спортски терени.
Гајиќ најстрелец, зад него тројца „бомбардери„
Со натпреварите синоќа од Ц и Д групата, комплетирано е третото коло од групната фаза на мундијалот. На Гајиќ и Лазаров и се доближија уште неколку врвни стрелци на врвот на листата на стрелците. Ќе биде многу интересно во мечевите кои следат и посебно во нокаут фазата и за титулата крал на стрелците.
По деценија и пол прв дуел на Македонија и Хрватска
Денешниот натпревар на Македонија и Хрватска е прв кој двете селекции ќе го одиграат по цели 16 и пол години. Трите меѓусебни средби на двете репрезентации се различни по карактеристики, резултат и детали. Хрватска има две победи, а Македонија една и тоа златна во СРЦ „Кале„ во Скопје во есента 1997 година, која подоцна не однесе на европското првенство во Италија, кое е прво наше големо натпреварување.
Лазаров за АЛ ЏАЗИРА Балкан: „Само да не заобиколат повредите„
Централниот дел од групата Б на светското првенство е балканско надмудрување. По мечот со Б и Х, следува силната Хрватска на Голужа, а нашиот капитен Кирил Лазаров вели дека Македонија може секого да победи, па дури и Хрватска:
ВИДЕО: Генсхајмер: „Нашата игра претрпе промени, драго ми е што се забележува„
Ако некаде германската селекција е моќна, тоа секако се крилните позиции каде Генсхајмер и Грецки доминираат и се „кошмар„ за противничките голмани. И против Данска синоќа во ремито 30:30, скоро непогрешливи беа и двајцата, а Генсхајмер е можеби најценет на својата позиција во овој момент во светот. Тој е свесен дека ова е сосема поинаква Германија од последниот мундијал и квалификациите за ова првенство, каде Германија извиси и во Доха е само благодарение на „вајлд картата„. Но тоа не значи дека тука дојдоа само да учествуваат:
ВИДЕО: Краус: „Нашето мото е меч по меч„
И со резултатите, но и со играта германската репрезентација е едно од изненадувањата на ова првенство. Можеби звучи чудно, како селекција на ракометари од најсилната лига може да биде изненадување, но никој не ја сврстуваше Германија меѓу фаворитите, а еве ги сега блиску и до првото место во најсилната група. Михаел Краус по ремито со Данска не сакаше да се залетува и да ветува „брда и долини„ туку рече дека мотото на оваа селекција е „меч по меч„. Така и се однесуваат тој и соиграчите:
Две драми во кои Германија и Исланд ги спречија фаворитите
Два супердраматични натпревари кои завршија нерешено ја окарактеризираа највозбудливата вечер во досегашниот тек на шампионатот. Германија се надмина себе си и беше многу блиску до победа против Данска. Тимот од Бундеслигата водеше скоро во целиот натпревар, но Хансен и Кристијансен со инвидуални потези ја вратија Данска до финални 30:30. Германците имаа завршен напад, но ударот на Шнонграт заврши во блокот. Блескаше Стефен Вајнхолд со 8 гола, Уве Генсхајмер незадржлив со 6, а кај данците по 6 гола постигнаа Хансен и Кристијансен.
Русија пак се „самоуби„ ни Јиха не им помогна на чесите
Русите станаа мајстори на недовршени натпревари, откако пак одиграа перфектно прво полувреме и водеа во 75% од мечот со Полска, но на крајот загубија со 26:25 (12:13). И одбраната и нападот на руската селекција делуваше многу солидно.
Лазаров: „Мундијалот за нас сега почнува, па да бидеме прави за 5-6 дена„
Ивица Обрван и Кирил Лазаров во текот на денешниот ден беа најбараните од претставниците на седмата сила. Посебно од хрватските новинари, кои за прв пат се соочуваат со Обрван на спротивната страна, но и Лазаров е „магнет„ за медиумите од Хрватска, каде играше и освојуваше трофеи со Загреб Кроација осигурање. Но долги години е соиграч и во клубовите ширум Европа со хрватските асови. Во Атлетико беше во ист дрес со Гојун и Балиќ, во Фотекс Веспрем ја „делеше„ соблекувалната со сегашниот хрватски селектор Славко Голужа: