hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Катар го обезбеди најмалку второто место, тренинг победа на Хрватска

SLOVENIA VS QATAR 150119Qatar 2015 M28 SLO vs QAT- HOR1105 xlarge

Голема победа за катарската репрезентација против Словенија, со што за прв пат оваа мала земја обезбеди осминафинале на едно светско првенство во ракомет. Момците на Валеро Ривера го совладаа тимот на Дениќ со 31:29 (18:15). Словенците добро отворија и водеа со 10:7 во 17 минута. Но од тој момент Ривера ја смени одбраната и во „бркотницата „ домашната репрезентација подобро се снајде.

Рафаел Капоте со неверојатно 12 гола беше прво име на средбата. Камалалдин Малаш со 7 гола му помогна, а голманот Стојановиќ имаше 8 интервенции. Кај Словенија најрасположен беше Доленец со 8 гола, а 7 додаде Лука Жвижеј. Хрватска во третиот натпревар од нашата Б група лесно го совлада Иран со 41:22 (19:13). Во селекцијата на Голужа сите ракометари добија шанса, а Златко Хорват со 12 гола беше најефикасен. Иван Карачиќ и Иван Слишковиќ беа автори на уште по 5 гола. Филип Ивиќ бранеше на целиот натпревар и собра 19 интервенции.

Хрватска - Иран 41:22 (19:13)

Катар - Словенија 31:29 (18:15)

Share