hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Ова е удар за македонскиот ракомет, сите заслужуваме критика

UH28253 37055 5e1e22d42d

Македонија со тежок пораз од Австрија го заврши настапот на Европското првенство. Капитенот Кирил Лазаров жали за исходот од шампионатот, вели дека треба да почнеме од почеток и да го вратиме ракометот онаму каде што беше претходно.

Повеќе...

Катастрофален пораз од Австрија и елиминација од ЕП

EHF EURO 2020 rakomet Makedonija-Avstrija 14.01.2020-69031

Австрија - Македонија 32:28 (18-12)

Македонската ракометна репрезентација доживеа дебакл против Австрија во последниот меч од групната фаза, загубивме со 32:28 и го завршивме настапот на Европското првенство. Австријците подобро го започнаа натпреварот, поведоа, а и Стоилов во втората минута беше исклучен. Следеа „бомби" на Божовиќ и Билик за 4:1 во петтата минута. Македонските ракометари одговорија со голови на нашите кружни напаѓачи Пешевски и Стоилов, па и Георгиевски реализира контра за 4:4.

Повеќе...

Лошото второ полувреме ни донесе пораз од Чешка

EHF EURO 2020 rakomet Makedonija-Ceska 12.01.2020-5979

Чешка - Македонија 27-25 (9-11)

Македонската ракометна репрезентација одигра уште еден меч со драматичен финиш, но овојпат загуби од Чешка со 27:25. Нашата репрезентација одигра одлично прво полувреме, особено во одбраната која функционираше беспрекорно и покрај тоа што Борко Ристовски имаше само три интервенции. Чесите тешко го наоѓаа патот до нашата мрежа, на одмор заминавме со со предност од 11:9.

Повеќе...

Шведски судии ќе ја делат правдата на натпреварот Македонија - Чешка

svedski sudii 1

Европската ракометна федерација ги одреди судиите кои ќе ја делата правдата на утрешниот дуел против Чешка. Швеѓаните Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик се делегирани да го судат мечот од второто коло во Б групата, а за второто соочување во „Штадхале" во Виена одредени се сестрите Шарлот и Жули Бонавентура од Франција.

Повеќе...

ВИДЕО: Голот на Лазаров на врвот од ТОП 5 листата на вториот ден на ЕП

EHF EURO 2020 rakomet Makedonija-Ukraina 10.01.2020-53621

Уште едно големо признание за триумфот над Украине дојде од ЕХФ. Медиа тимот на Европската ракометна централа го избра голот за победа на Лазаров против Украинците за најубав на вториот дел од шампионатот.

Повеќе...

Лазаров: Отидов на сè или ништо и ја презедов одговорноста

EHF EURO 2020 rakomet Makedonija-Ukraina 10.01.2020-5182

Македонија со триумф го започна Европското првенство, „црвено-жолтите" вечерва потешко од очекувањата славеа против Украина. Иако во два наврати имавме позитива од пет гола, двата бода беа осигурани во последните секунди од мечот.

Повеќе...

Лазаров во последната секунда донесе победа против Украина

82558946 2519555715038226 8212250569742483456 n

Македонија - Украина 26:25 (13:10)

Македонија со победа го почна Европското првенство, совладана е Украина во неочекувано драматичен финиш, Кире Лазаров и Никола Митревски се хероите од воведниот меч. Нашата репрезентација ја оствари целта, ги освоивме планираните бодови против Украина, но малку фалеше да направиме од готово вересија.

Повеќе...

Подготвена фан-зоната за Македонците во Веина

81821855 10217228471198475 48122720549863424 n

Македонската ракометна репрезентација секогаш е хит на големите собири поради своите верни фанови, па така ќе биде и во Виена.

Повеќе...

Норвешки судии ќе ја делат правдата на дуелот со Украина

20170730-jorum-kleven-01

Европската ракометна федерација ги одреди судиите за првото коло во сите шест групи. Македонската селекција в сабота во вечерниот термин во „Штадхале" во Виена ќе дебитира против Украина, а правдата ќе ја делат судии од Норвешка.

Повеќе...

Македонија со само една победа на Европските премиери

lazarov-slovenia

Македонската репрезентација вечерва го почнува настапот на Европското првенство со дуелот против Украина кој почнува од 20:30 часот. Низ историјата првите натпревари секогаш ни претставувале проблем, но надежта е дека овој пат ќе се справиме со ривалот, како пред две години во Хрватска.

Повеќе...