hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Марковиќ: „Лазаров е најдобар, а Македонија мој таен фаворит„

AUSTRIA VS BOSNIA AND HERZEGOVINA 150117Qatar 2015 M18 AUT vs BIH- AH 1163 xlarge

Серија на комплименти и критики собира босанскиот селектор Драган Марковиќ по првите два натпревари на ова светско првенство. Многубројните босански навивачи во Катар веруваат дека нивната репрезентација ќе се издигне против Македонија, со што би верувала во осминафинале. Сепак селекторот Марковиќ најавува дека Босна попладнево ќе игра со еден од фаворитите од „сенка„ на овој мундијал:

„Пред почетокот на мундијалот тврдев дека Македонија има квалитет и сила, и задно со Шведска се мои тајни фаворити. Можат далеку до дотуркаат на ова светско првенство. Кирил Лазаров е сигурно голема звезда и најдобар играч во светот. Ми се допаѓа многу како игра Македонија, особено на првиот меч со Тунис и сите нѐ воодушеви. Играше дисциплинирано и добро во одбрана" заклучи Драган Марковиќ. Каква тактика тој ќе подготви за неговиот таен фаворит на ова првенство ќе видиме попладнево во Доха. Веќе четири години Македонија и Босна не играле официјален меч, а скоро една деценија сме без пораз против оваа репрезентација.

Share