hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Карачиќ: „Ако имаме помалку „црни дупку„ не сме без шанси„

AUSTRIA VS BOSNIA AND HERZEGOVINA 150117Qatar 2015 M18 AUT vs BIH- AH 0807 xlarge

Иако разочарани по поразот од Австрија посебно по лошото второ полувреме, ракометарите на Босна и Херцеговина не престануваат да веруваат во победа над Македонија и пласман во осминафиналето на светското првенство. Сите ја респектираат нашата селекција, но не исклучуваат изненадување:

„И Македонија се мачеше против Иран и се е отворено. Доста ја познаваме вашата репрезентација. Сите ракометари играат во регионалната лига или во ЕХФ Купот, така да нема тука никакви тајни. Кој ќе има подобар ден, тој ќе победи. Сигурно ќе се дигнеме против Македонија. Можете да очекувате добра Босна на наредниот меч„ вели Сенјамин Буриќ.

Сличен е ставот и на Дејан Малиновиќ:

„Многу пати сме се среќавале, мислам дека имаме свои шанси, иако Македонија игра на врвно ниво, посебно напаѓачки. Кирил Лазаров е еден од најдобрите ракометари во светот. За него не можете посебно да се спремите. Ќе видиме, тоа го оставаме на тренерот„

Поразот од Австрија тешко им падна на нашите денешни противници, а Иван Карачиќ подели серија на комплименти за Лазаров и другарите:

„Македонија веќе долго време игра на големите натпреварувања. Една одлична репрезентација. Сите ракометари ни се познати, играме меѓусебно во регионалната лига. Очекувам многу тврд натпревар како и против Австрија, само што се надевам дека ние ќе имаме што е можно помалку „црни дупки„ во играта. Сигурно дека на македонците им е полесни, ние мора да бркаме победа по секоја цена. Е сега дали тоа ќе биде доволно ќе видиме. Ние ќе дадеме 100% како на секој натпревар. Мислам дека имаме квалитет да победиме, но дали во тоа ќе успееме ќе видиме„ заклучи Карачиќ.

Мечот почнува денес од 17 часот по средно европско време во најмалата по капацитет „Ал Саад„ арена во центарот на Доха.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share