hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Дибиров: „Судењето беше чудно, но и покрај тоа имавме шанса„

GERMANY VS RUSSIA 150118Qatar 2015 M20 GER vs RUS- OB26928 xlarge

Разочарани ликови по завршувањето на средбата со Германија и многу тага кај руските ракометари кои како да почувствуваа дека го имаат противникот в рака и можат да го победат на овој мундијал:

„Игравме добро во првото полувреме, разликата настана кога игравме со еден или два ракометари помалку. Ним им беше лесно да постигнат неколку гола со игра 6 на 4. Сепак и покрај судиите кои беа многу чудни, имаше премногу исклучувања, ние имавме последна шанса за освојување на бод. Моравме да бидеме поконцентрирани во последниот напад„ ни рече Тимур Дибиров по завршувањето на средбата со Бундес-тимот.

Ракометарот на Вардар се осврна и на македонската репрезентација и добриот почетокот на светското првенство.

„Се радувам за секоја победа на Македонија како да е моја. Им пишувам на моите клубски другари од Вардар и ги бодрам пред секој натпревар„ рече руското крило за селекција за која навива веднаш по неговата Русија. Со 5 гола, некои супер спектакуларни, Дибиров и против Германија беше еден од најдобрите во својот тим. И покрај поразот Русија не е без шанси за пласман во осминафиналето и ќе бара шанса за поправен против Данска, Полска и Аргентина.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share