hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Сарачевиќ: „Хрватска има повеќе звезди, Македонија има колектив„

saracevic

Еден од најдобрите леваци на овие простори на сите времиња, бившиот југословенски и хрватски репрезентативец Златан Сарачевиќ го анализираше почетокот на првенството во Катар и се осврна во перспектива и на натпреварот Македонија - Хрватска кој следи во 4 коло од Б групата во „Духаилн арената„:

„Ова е едно од наизедначените светски првенства. Секоја меч е прав меч, жесток меч. Нема веќе сензации, може да се случи некое мало изненадување, но тоа е тоа. Може да се случи една Данска да загуби планиран бод, на пример. Доста има квалитетни екипи и ќе видиме што ќе биде понатаму. Што се однесува до македонската репрезентација одигра еден перфектен меч против Тунис, а вториот меч не го гледав, така да тоа со Иран е очекуван исход. Не знам дека некој има предност помеѓу Голужа и Обрван. Но јас исклучително го ценам македонскиот ракомет. Тоа е спој на два врвни клуба, Вардар и Металург.

Тие две екипи играат во СЕХА лига и сега се гледа колку е добра и квалитетна таа лига за овие ракометари. И плус тука ви е Киро. Значи тоа е базата, тоа е добра и искусна екипа. Хрватска можеби има повеќе звезди на некои позиции, но Македонија има колектив. Тука нијанси ќе решаваат. Можеби ќе одлучи одбрана на голманот, бидејќи со тоа каков ракомет се игра тука, двете екипи форсираат и се подредуваат на одбрана. А овде до сега се покажа дека екипите кои не играат одбрана, имаат хендикеп. Тоа е меч во кој ќе одлучуваат детали„ заклучи Сарачевиќ, кој на овој мундијал е во улога на стручен коментатор на хрватска телевизија РТЛ и ги следи детално мечевите во нашата група, најчесто на хрватската репрезентација.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share