hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Краус: „Нашето мото е меч по меч„

DENMARK VS GERMANY 150120Qatar 2015 M36 DEN vs GER- OG39616 xlarge

И со резултатите, но и со играта германската репрезентација е едно од изненадувањата на ова првенство. Можеби звучи чудно, како селекција на ракометари од најсилната лига може да биде изненадување, но никој не ја сврстуваше Германија меѓу фаворитите, а еве ги сега блиску и до првото место во најсилната група. Михаел Краус по ремито со Данска не сакаше да се залетува и да ветува „брда и долини„ туку рече дека мотото на оваа селекција е „меч по меч„. Така и се однесуваат тој и соиграчите:

„И во квалификациите и на последните првенства игравме добро, секогаш влегувавме во тесни завршници, не бевме така лоши. Но сега се пронајдовме себе си. Игравме динамично „гинеме„ еден за друг и задоволни сме. Со новиот селектор пронаоѓаме своја димензија. Но одиме меч по меч. Сега ќе играме за прво место во групата и тоа е првиот чекор. Медал или Олимпијада? Сега тоа не не интересира. Само наредниот меч е важен и така е цел турнир. Меч по меч е нашето мото„ рече Мими Краул, кој е еден од ретките со светска титула во овој ростер и неговото искуство не е безначајно во Доха. Тој не троши многу топки, добро ја разигрува екипата, а главната улога на звезда им ја препушта на Генсхајмер и Вајнхолд.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share