hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Генсхајмер: „Нашата игра претрпе промени, драго ми е што се забележува„

DENMARK VS GERMANY 150121Qatar 2015 M36 DEN vs GER- DAZ0576 xlarge

Ако некаде германската селекција е моќна, тоа секако се крилните позиции каде Генсхајмер и Грецки доминираат и се „кошмар„ за противничките голмани. И против Данска синоќа во ремито 30:30, скоро непогрешливи беа и двајцата, а Генсхајмер е можеби најценет на својата позиција во овој момент во светот. Тој е свесен дека ова е сосема поинаква Германија од последниот мундијал и квалификациите за ова првенство, каде Германија извиси и во Доха е само благодарение на „вајлд картата„. Но тоа не значи дека тука дојдоа само да учествуваат:

„Драго ми е што некој ја препознава нашата работа и му се допаѓа ракометот кој го игравме. Не се надевавме дека ќе дојдеме во ситуација да се бориме за првото место во групата, но еве се наоѓаме блиску и до таа цел. Нашата игра претрпе промени. Знаете дека од минатата година имаме нов селектор, имаме млада репрезентација. Сменивме неколку финеси во одбраната и точно е дека нашата игра се разликува за разлика од минатото. Сега за цел имаме да одиграме вака добро до крајот на групната фаза. Ова е тешка група, се троши многу енергија и мислам дека наредната недела свежината ќе биде најважна„ ни рече атракцијата број 1 во германската репрезентација, Уве Генсхајмер. Ретко на светот можете да најдете ракометар како крилото на Рајн-Ловен Некер, кој од неодамна е и капитен на националната селекција.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share