Обрван: „Сакам да му честитам на Ангелов за менталната сила„
За прв пат на турнирот ролја на главен протагонист имаше Петре Ангелов, кој со серија на интервенции ја сопре офанзивната серија од првиот дел на австријците и успеа да ни донесе победа без многу треперење. Неговите 9 одбрани за 30 минути на голот, покажуваат дека во секое време треба да се смета на неговите услуги и може да ни бидат од голема корист. Селекторот Ивица Обрван не заборави да ја истакне силата и концентрацијата на голманот на Вардар:
Лазаров, по втор пат играч на натпреварот на овој мундијал
Кога за прв пат се сретнавме со Австрија во баражот за мундијалот во Шпанија, Кирил Лазаров постигна 5 гола во Скопје и 9 гола во Виена во нашата лесна елиминација на австријците. Една и пол пол година подоцна, десниот бек на нашата селекција во Хернинг, реализираше 8 гола во нашата победа од 22:21. Денешните 9 гола му донесоа признание играч на натпреварот и тоа по втор пат на турнирот.
Георгиевски: „Само нека се повтори Белград„
Пред три години во Србија беше само гледач на мечот кој ни донесе олимписки квалификации против Словенија, а сега очекува реприза од мечот во „Комбанк арена„ во Белград. Гоце Георгиевски со мислите веднаш се фокусира на осминафиналето со Словенија, остварено со одлична колективна партија, пред се во нападот против Австрија.
ВИДЕО: Лазаров: „Задоволен сум, но залудно е ако не ја добиеме Словенија„
ФОТО: Спортмедиа
Австрија одсекогаш му лежела на Лазаров. И во Скопје и во Виена и во Хернинг тој беше нашиот предводник во успесите против момците на Јоханесон. Денес со 9 гола се врати во голгетерски ритам, но како перфекционист опоменува да ја подобриме играта во одбрана, зошто со 31 примен гол тешко може да се совлада полуфиналистот од последниот мундијал, Словенија в недела:
Осминафинале со Словенија в недела од 16:30 часот
Мечот на кариерите нашите ракометари ќе го имаат в недела од 16:30 часот по средно европско време во „Али Бин Хамад Ал Атијах арена„ против Словенија во второто осминафинале во оваа сала. По осминафиналето во „Палау Сан Жорди„ во Барселона во 2013 година и поразот од Германија, по втор пат на нашата репрезентација му се укажува шанса низ ваков формат да влезе меѓу осумте најдобри репрезентации во светот.
Победа со стил и второ место во групата
Б група
Македонија - Австрија 36:31 (16:16)
По мечеви во баражот за мундијал и на самото европско првенство, Македонија и Австрија се сретнаа и на мундијалски меч во полупразниот амбиент на салата „Али Бин Хамад Ал Атијах арената„ во Доха. Ацо Јоноски стисна заби и се најде во стартниот тим во одбраната. Миркуловски со спекталуларен лоб по 40 секунди го отвори резултатот. Но при доскокот се повреди и мораше да му се укаже помош. Борко брзо собра 3 одбрани, а Прибак и Кирил Лазаров му посакаа добредојде на Томас Бауер на голот (3:1).
Шпанија со максимални пет победи, Тунис и Бразил во осминафиналето
Шпанија на Маноло Каденас ја оправда фаворитската улога и со пет победи на исто толку мечеви потврди кој е светски првак. Во меч за математичка потврда на првото место во А групата „црвената фурија„ ја совлада Словенија со 30:26. Шпанските ракометари постојано водеа, а „змајчеките„ не можеа никако да се спуштат под 2-3 разлика. Во црвено-жолтиот табор голманот Гонзало имаше 17 одбрани, а Ривера со 6 и Душебаев со 5 беа најефикасни. Но клучот беше во одбраната која делуваше многу подобро од противничката.
Позната сатницата за елиминационите натпревари
Дури денес светската ракометна федерација ги одреди термините и сатницата за натпреварите кои ќе го искристализираат турнирот во неговата последна недела. Осминафиналните мечеви ќе се играат во „Лусаил арената„ и „Али Бин Хамад Ал Атијах арена„ на 25 и 26 јануари во 16:30 и 19:00 часот.
Едно минутно молчење денес на мундијалот
Заради смртта на Кралот на Саудиска Арабија, Абдулах Бин Абдулазис сите шест натпревари од денешната програма од 5 коло во А и Б групата на светското првенство ќе почнат со едноминутно молчење. Така мечевите во двата термини од 15 и 17 часот ќе му оддадат последен поздрав на саудискиот крал. Ракометарите на Саудиска Арабија, кои утре го игра својот меч со Германија со „Лусаил арената„ од 17 часот ќе носат и црна трака на своите дресови.
Словенците пријавија нов кружен напаѓач
Нашиот можен осминафинален ривал, Словенија пред настапот во осминафиналето, направи измена и во иднина ќе има нов кружен напаѓач. Ракометарот на Трембле, Урош Бундало е пријавен на местото на Блаж Благотиншек од Целје. Со внесувањето на Бундало, селекторот Борис Дениќ добива на искуство пред мечот со Шпанија и осминафиналето.