hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Мундијалот за нас сега почнува, па да бидеме прави за 5-6 дена„

SDC10588

Ивица Обрван и Кирил Лазаров во текот на денешниот ден беа најбараните од претставниците на седмата сила. Посебно од хрватските новинари, кои за прв пат се соочуваат со Обрван на спротивната страна, но и Лазаров е „магнет„ за медиумите од Хрватска, каде играше и освојуваше трофеи со Загреб Кроација осигурање. Но долги години е соиграч и во клубовите ширум Европа со хрватските асови. Во Атлетико беше во ист дрес со Гојун и Балиќ, во Фотекс Веспрем ја „делеше„ соблекувалната со сегашниот хрватски селектор Славко Голужа:

SDC10587

„За нас мундијалот почнува од утре. Треба да бидеме најдобри, кога најмногу ќе треба, а тоа е некаде за 5, 6 дена. Секако, тоа не значи дека во продолжение ќе калкулираме, но утре со Хрватска ќе дадеме сѐ од себе, затоа што сме привилигирани и имаме шанса да се бориме за првото место. Не сакаме да калкулираме, ниту да бираме противник најважно е да бидеме здрави од натпревар во натпревар да напредуваме. Можеби дадовме една екстра партија против Тунис, по неа уште две нешто послаби, но сигурен сум дека уште го немаме дадено најдоброто од нас„ рече нашиот капитен. Во статистичката категорија голови и асистенции севкупно, ракометарот на Барселона е водечки, а не заостанува многу бниту хрватското крило Златко Хорват.

Share