hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров за АЛ ЏАЗИРА Балкан: „Само да не заобиколат повредите„

kiregoluza

Централниот дел од групата Б на светското првенство е балканско надмудрување. По мечот со Б и Х, следува силната Хрватска на Голужа, а нашиот капитен Кирил Лазаров вели дека Македонија може секого да победи, па дури и Хрватска:

„Ние дојдовме со големи амбиции на ова првенство. Ако ни се пружи шанса сакаме да одиме до крај. Зошто да криеме. Ние можеме да добиеме секого. Зошто да не ја добиеме и Хрватска. Тие се моќна селекција, не треба да се трошат зборови за тоа. Со години се во врвот на светскиот ракомет, освојуваат медали. Едноставно знам дека ако играме како со Босна и Иран ќе биде опасно. Уште една важна работа на овој турнир е да не заобиколат повредите бидејќи турнирот е долг. Важно е да се одмориме меѓу натпреварите„ вели Лазаров.

Тој уште им дели комплименти на босанските ракометари и селекторот Марковиќ аз добрите резултати во континуитет и потенцира деко во Барселона му е прекрасно, еве веќе втора сезона и нема намера да си замине од каталонскиот гигант.

Комплетното интервју можете да го погледнете ТУКА:

Share