hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Две драми во кои Германија и Исланд ги спречија фаворитите

DENMARK VS GERMANY 150120Qatar 2015 M36 DEN vs GER-SUKI6828 xlarge

Два супердраматични натпревари кои завршија нерешено ја окарактеризираа највозбудливата вечер во досегашниот тек на шампионатот. Германија се надмина себе си и беше многу блиску до победа против Данска. Тимот од Бундеслигата водеше скоро во целиот натпревар, но Хансен и Кристијансен со инвидуални потези ја вратија Данска до финални 30:30. Германците имаа завршен напад, но ударот на Шнонграт заврши во блокот. Блескаше Стефен Вајнхолд со 8 гола, Уве Генсхајмер незадржлив со 6, а кај данците по 6 гола постигнаа Хансен и Кристијансен.

Ова беше големо тактичко надмудрување на исландските тренери Сигурдсон и Гудмунсон, во кои одбраните беа послабата страна. Франција долго време го бркаше водството на Исланд и на крајот успеа да го стигне, но не отиде подалеку од реми 26:26 (12:14). Исландските ракометари се надминаа себеси и го надиграа актуелниот европски првак. Недостигаше само да го зададат завршниот удар. Палмарсон со 5 и Снори Гудјонсен со 4 гола се истакнаа кај „рибарите„ а Карабатиќ со 6 гола без промашување и Сорондо со 5 гола беа најдобри французи. Секако заедно со Тјери Омејер кој собра 18 интервенции, наспроти 10 на Густафсон. Лесна победа издвојува Шведска во групата Ц, откако го совлада Алжир со 27:19 (15:6). Кај „трите круни„ имаше 11 стрелци, меѓу кои 6 гола од 6 обиди имаше Јонас Калман.

Германија - Данска 30:30 (16:16)

Франција - Исланд 26:26 (12:14)

Шведска - Алжир 27:19 (15:6)

Share