Без калкулации, ние можеме да победуваме само со срце
Македонија на ЕП оди среде сезона во која македонските клубови оставаат историски печат и се подготвени да влезат меѓу најдобрите шеснаесет во Лигата на шампиони, имаме и тим во најдобрите 16 и во ЕХФ Куп. Бонус, го имаме најдобриот напаѓач на Барселона, кој во Хернинг оди како крунисан крал на стрелците на европско и светско ниво. Кирил Лазаров, специјалната артилерија од десната бековска позиција, е соговорник во „Спорт Бокс".
58 гола на 15 меча - ASOBAL есента на Лазаров
Со победата над Натурхаус Ла Роха, првакот Барселона го заврши првиот дел од сезоната на ASOBAL лигата со перфектен учинок од 15 победи од исто толку одиграни мечеви и со 30 освоени бода, исто како и минатата година е есенски првак.
Лазаров „диригент во перфектниот оркестар„
Барселона - Натурхаус Ла Роха 33:16 (15:8)
Ракометарите на Барселона, сезоната ја почнаа со победата над Натурхаус Ла Роха во Суперкупот, а последниот меч од есенскиот дел на ASOBAL лигата против истата екипа го завршија со уште поубедлива победа.
ФОТО: „Опасен спот„ на каталонците пред ASOBAL Купот
Наредниот викенд во „Палау Блауграна„ ќе се одржи завршниот турнир на ASOBAL Купот, а организаторот Барселона на оргинален начин се обиде да ги анимира сите свои и ракометни фанови да го посетат овој настан „Опасните момци„ на Хавиер Пасквал беа актери за еден ден на филмски сет, а приказната во спотот потсеќа на група на „момци од подземјето„ кои ги води шефот Пасквал.
Хуеска стои на патот кон ASOBAL Куп финалето за Барса
Во просториите на „Палау Блауграна„ беа извлечени паровите за полуфиналето на ASOBAL Купот, кој на 21 и 22 декември ќе се одржи во Барселона. Само три недели по првенствениот меч и убедливата победа на гости, противник на Барселона на Кирил Лазаров повторно ќе биде екипата на Хуеска, која премиерно игра на завршницата на ASOBAL Купот.
Обрван го објави поширокиот список за ЕУРО 2014
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван го објави поширокиот список на ракометари за европското првенство од 12 до 26 јануари 2014 година во Данска. Првиот собир нашите најдобри ракометари ќе го имаат на 21 декември, а капитенот Кирил Лазаров ќе се приклучи по последните обврски во Барселона оваа година - ASOBAL купот на 21 и 22 декември.
Ждрепката за ASOBAL купот в петок во Барселона
В петок на 12 декември во 10 часот изутрина во конференциската сала на „Палау Блауграна„ ќе се изврши ждрепката за полуфиналето на ASOBAL Купот, кој ќе се одржи во Барселона на 21 и 22 декември.
Лесна „виза„ за четвртфинале во Кралскиот Куп за Барса
Куп на шпанскиот Крал (осминафинале)
Вила де Аранда - Барселона 26:39 (12:19)
Едно од ретките натпреварувања кое минатата сезона Барселона не го освои, бидејќи на патот му застана Атлетико Мадрид со Кирил Лазаров во составот, оваа сезона го почна со лесна и убедлива победа на гости. Според новиот систем на натпреварување, кој стапи на сцена од минатата сезона во оваа фаза се игра само еден натпревар, а Барса без многу напор славеше кај Вила де Аранда со 13 гола разлика.
ФОТО: Росел на официјално фотографирање со ракометарите
Во пресрет на последните неколку мечеви во 2013 година, претседателот на Барселона, Сандро Росел ги посети кошаркарската и ракометната секција на славниот каталонски клуб. Тој ги охрабри Лазаров и другарите и присуствуваше на официјалното фотографирање на целиот ростер.
Познати учесниците на ASOBAL купот
Со одигрувањето на 13 коло од ASOBAL лигата, познати се сите четири екипи кои на 20 и 21 декември во „Палау Блауграна„ во Барселона ќе се борат за трофејот од ASOBAL купот. Со оглед на правилата кои налагаат во ова натпреварување да учествуваат четирите првопласирани екипи од есенскиот дел од шампионатот, на две кола до зимската пауза, четворката е позната.