hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Лазаров гостин на ракометната академија

photo 6

Денес во раните утрински часови пред да одлета за Словенија, капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров ја посети ракометната академија при Агенцијата за млади и спорт.

Повеќе...

Лазаров со максимален број на мечеви оваа есен

zaDEbiKireiKasl2

По преминот од Атлетико Мадрид во Барселона, Кирил Лазаров имаше напорни скоро четири месеци, во кои не пропушти ниту еден натпревар и освои три трофеи: IHF Суперглоб, АSOBAL Суперкупот и ASOBAL Купот. Згора на тоа неговата Барса е првопласирана во својата група на Лигата на шампионите и ASOBAL Купот

Повеќе...

ASOBAL Купот - 36 трофеј во кариерата

kire so trofej asobal cup

Со триумфот над Грањолерс во финалето на ASOBAL Купот во „Палау Блауграна„ македонскиот ракометен интернационалец Кирил Лазаров стигна до 36 трофеј во кариерата. Ова натпреварување претходно го освои со Атлетико Мадрид, а по IHF Супер глоб во Доха и ASOBAL Суперкупот, ова е трет трофеј, откако премина од Атлетико Мадрид во Барселона. Во календарската 2013 година со освоениот Куп на шпанскиот крал во дресот на Атлетико Мадрид, капитенот на нашата репрезентација, годината ја завршува со четири трофеи.

Повеќе...

Деветти ASOBAL Куп за Барса, втор за Лазаров

kiril lazarov asobal cup2

ASOBAL Куп - Финале

Барселона - Грањолерс 34:28 (20:15)

Во убав амбиент во „Палау Блауграна„ каталонското финале на ASOBAL купот со гол го отвори Дани Сармиенто по половина минута. Голманот на Грањолерс Шулц мотивирано почна, но по 1:2, Барса се враќа и Томас од контра годи за 3:2. Во петтата минута Хуан Дел Арко со вториот гол од контранапад ги осоколи гостите со ново водство (3:4). Но Шулц не можеше се да одбрани, па откако го сопре Хуанин Гарсија во зицер, Виктор Томас во 7 минута израмнува на 4:4. На идентичен начин, со цврста одбрана и лесен гол од контра, Едуардо Гурбиндо ја враќа предноста на фаворитот (5:4). Во силниот ритам гол за гол, Никола Карабатиќ ја разнесе одбраната на Грањолерс за 7:6 на почетокот на десеттата минута. Французинот од седум метри за прв пат носи предност од +2 на една од екипите. Но ретко кој одолеал на цврстината во одбраната и ефикасноста во нападот на Барса оваа сезона.

Повеќе...

Пуерто Сагунто на патот на Барса до полуфиналето на Купот на Кралот

Пуерто Сагунто на патот на Барса до полуфиналето на Купот на Кралот

Тимот на Пуерто Сагунто ќе биде четвртфиналниот противник на Барселона во Купот на шпанскиот Крал. Така одлучи денешната ждрепка во просториите на ASOBAL за последниот филтер пред Final four турнирот во мај 2014 година. Првиот меч Лазаров и другарите ќе го играат на 26 фебруари, а возвратниот во „Палау Блауграна„ се игра на 5 март.

Повеќе...

Каталонско дерби во ASOBAL Куп финалето

foto asobal cup

ASOBAL Куп - Полуфинале

Барселона - Хуеска 39:25 (20:12)

Второто полуфинале на ASOBAL Купот започна со изненадувачкиот гол на Алекс Марсело по неполни 30 секунди. Но Барса возврати и во третата минута преку словакот Страновски и Раул Ентрериос израмни на 2:2. Штербик како да се загреваше и од четвртата минута одбрани неколку изнудени шутеви.

Повеќе...

Лазаров, кандидат за спортист на годината

kire sportist 2013

Сојузот на спортови на Македонија во соработка со Агенцијата за спорт и млади и оваа година ќе ги избира најдобрите македонски спортисти, поделени во девет категории. Кирил Лазаров како и минатата година е номиниран за спортист на годината.

Повеќе...

Лазаров: „Наумче е победник и ќе го победи и ова„

6FD117ADA5847943BA725B569C260585

Во краткиот телефонски разговор за „Утрински весник„ капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров видно шокиран зборуваше за тешката повреда на Наумче Мојсоски и веднаш му понудил да се оперира во Барселона „Го гледав натпреварот и цела ноќ не можев да заспијам. На најголемиот непријател не би му го посакал тоа што му се случи на Наумче.

Повеќе...

Ждрепката за Купот на Кралот, в сабота попладне

Ждрепката за Купот на Кралот, в сабота попладне

В сабота од 18:15 часот во просториите на ASOBAL ќе биде извршена ждрепката за четвртфиналето на Купот на шпанскиот Крал. Со победата над Вила де Аранда на гости, тимот на Барселона на Кирил Лазаров се најде меѓу најдобрите осум екипи, кои ќе се борат за трофејот, кој минатата сезона го освои Атлетико Мадрид со Кирил Лазаров во тимот.

Повеќе...

ВИДЕО: „Страшните момци во акција„

kire spot2

Од пред неколку дена најавениот видео спот кој го претставува АSOBAL Купот во Барселона на 21 и 22 декември, од денес може да се види во етер. Под мотото „Ја имаме тајната да го освоиме ASOBAL Купот„ момците на Хавиер Пасквал ја знаат својата мисија.

Повеќе...