Естонија прв противник на Македонија во евро-квалификациите
Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за пласман на Европското првенство во 2026 година. Нашите најдобри ракометари ќе играат во квалификациската група 1 со репрезентациите на Словенија, Литванија и Естонија. Македонија стартува и завршува на свој терен. Првиот натпревар го играме против Естонија, додека квалификациите ги затвораме со Литванија.
Лазаров: Имаме реални шанси да се пласираме на Европското првенство
Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација денеска со жрепка ги дозна противниците во квалификациите за пласман на следното Европско првенство во 2026 година. Следниот континентален собир ќе се организира во три држави: Данска, Шведска и Норвешка. Нашите најдобри ракометари ќе играат во квалификациската група „1" со репрезентациите на Словенија, Литванија и Естонија.
Македонија во група со Словенија во квалификациите за ЕП 2026
Машката ракометна репрезентација на Македонија ги дозна противниците за квалификациите за Европското првенство кое во 2026 година ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка.
Лазаров: Задоволен сум од прикажаното и ангажманот на двата натпревари
Македонската ракометна репрезентација го доживеа вториот пораз од Романија, која денеска беше подобра со 28:24 (15:10). И во петокот двете репрезентации играа пријателски меч, а тогаш Романците победија со 32:27.
Романија поуспешна од нашите ракометари и во вториот тест во Браила
Романија - Македонија 28:24 (15:10)
По поразот во првиот контролен меч во рамките од ЕХФ неделата, и денеска во вториот тест во Браила загуби македонската сениорска ракометна репрезентација од Романија овојпат со резултат 28:24. Романците започнаа фуриозно стекнувајќи позитива од 6:2, ние успеавме да намалиме на 6:4, а нешто подоцна да бидеме и на само „минус еден" (8:7). Но, по првото полувреме избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаа негатива од „минус пет" (15:10).
Македонија загуби во првиот затворен тест против Романија
Романија - Македонија 32:27 (15:16)
Репрезентацијата на Македонија беше поразена на првиот тест против Романија со 32>27 во рамките од подготовките за баражот за Светското првенство. Првото полувреме донесе израмнет натпревар, а Македонија водеше со еден разлика 16:15. Сепак, Романија во вториот дел успеа да направи пресврт и на крајот да слави со 32:27.
Лазаров: Романија е добар тест пред баражот против Фарски Острови
Македонската машка ракометна репрезентација, попладнево ја имаше првата прозивка за ЕХФ неделата и со тоа е означен стартот на подготовките за пријателските мечеви на гостински терен против Романија на 15 и 16 март. Најновата лоша вест за селекторот Кирил Лазаров е дека за двомечот со Романците, нема да може да смета ни на Филип Кузмановски, со кого се прошири листата на отсутни. Од претходно, познато беше дека со Романија нема да играат ни Никола Митревски, Ненад Костески, Томислав Јагуриновски, а веројатно ќе ги нема ни Павле Атанасијевиќ ни Милан Лазаревски.
Репрезентативците се собраа за ЕХФ-неделата, откажаа Костески, Кузмановски и Јагуриновски
Maкедонската ракометна репрезентација во ЕХФ неделата ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Романија, а за овој двомеч селекторот Кирил Лазаров нема да може да смета на еден од нашите најдобри ракометари, Филип Кузмановски.
Македонија во вториот шешир пред ждрепката во евро-квалификациите
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја закажа ждрепката за Европското првенство 2026 година во Шведска, Норвешка и Данска. Во квалификациите за Европското првенство (ЕП) ќе настапат 32 репрезентации, а при ждрепката ќе бидат формирани осум групи по четири селекции.
Познат списокот за ЕХФ неделата и двомечот во Браила против Романија
Селекторот на машката ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот на повикани ракометари за собирот во рамки на претстојната ЕХФ недела, во која Македонија ќе одигра контролни натпревари со репрезентацијата на Романија.