hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Соопштение на капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров

himna-e1356723542865

Иако македонската ракометна репрезентација деновиве немаше свој натпревар, јавноста и натаму е преокупирана со секојдневните информации поврзани со неа. Затоа капитенот на националната репрезентација Кирил Лазаров се огласи и го кажа својот став по последните случувања, претпоставки, нагаѓања и најави...

„Чувствувам одговорност како капитен на македонската ракометна репрезентација да и се обратам на македонската јавност по повод новите случувања во нашата ракометна репрезентација. Нашата репрезентација веќе подолго време предизвикува големо внимание, интерес, популарност како низ медиумите, така и во целата држава. Многу години веќе играме заедно, заедно сме преживеале од најтешки до најдобри моменти во нашите репрезентативни кариери. Сме биле на дното, но сме знаеле да станеме и да се искачиме високо, за потоа пак да паднеме, но за кратко пак сме се исправувале. Овие детали ја покажуваат нашата решителност и карактер достојно да се бориме за да го достигнеме она што сме го зацртале во нашите глави. Но никако да се предадеме. Тврдам дека секој од нас репрезентативците го сонува сонот на секој спортист да дојде до врвот на својата репрезентативна кариера. Ние сме блиску до врвот, но се уште не сме го кажале последниот збор.

kire zname

Подржувам апсолутно се што ќе одлучи нашиот селектор, бидејќи тој е врвен професионалец, како што е и амбицијата на нашето раководство и знам дека позади секоја нивна одлука стои рецепт за успех. Јас сум за сите идеи кои се плодотворни за реализација на оргиналните идеи на врвните стручњаци кои се сигурни дека ја носат Македонија до најголемиот успех. Ако ние самите без такво врвно искуство и знаење стигнавме до петтото место на европското првенство во Србија, значи сега да се спремаме за уште пожестока борба за надминување на истото. Повторувам, максимална подршка за ставовите и идеите на селекторот, кој е воедно и генерален став на нашето раководство. Чест е да се биде македонски репрезентативец и гордо секогаш со исправена глава да се пее својата национална химна. Со овој чин веќе со години сме најголеми амбасадори на нашата сакана држава, а и воедно преку нашите ликови голема подршка за нашите семејства, пријатели и секој македонски граѓанин како единка„

Спортски поздрав
Кирил Лазаров - капитен на машката ракометна репрезентација

Share