hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров „диригент во перфектниот оркестар„

lazarov so logrono

Барселона - Натурхаус Ла Роха 33:16 (15:8)

Ракометарите на Барселона, сезоната ја почнаа со победата над Натурхаус Ла Роха во Суперкупот, а последниот меч од есенскиот дел на ASOBAL лигата против истата екипа го завршија со уште поубедлива победа.

На голот на Карабатиќ по 26 секунди, возврати Тиагус Петрус (1:1). Французинот и нашиот Лазаров мотивирани влегоа во мечот и со по два гола, каталонците се одлепија (4:1) Алварез од крилна позиција во 8 минути го постигна само вториот гол за гостите од Логроњо, но брзо следеше нов бран на напади и голови на лидерот. Уште два пати Лазаров од надворешната позиција и Сорондо и Хуанин Гарсија после контри, погодија за 8:3 во 14 минута. Тогаш Барселона направи три последователни технички грешки, пет минути не постигна гол и Тиуменцев и Тиагус Петрус погодија по два пати за 8:7. Но од тој момент, момците на Пасквал ја средија одбраната, делуваше како невозможна мисија да се совлада Штербик и со 7:1 до полувремето, предноста порасна на +7. Во тој период погодија скоро сите асови на лидерот. Рутенка од чекор, па Гурбиндо со скок шут и Нодесбо од линијата од шест метри.

Како и првиот дел, така и продолжението, одлично го почна Лазаров со уште два гола, и од игра и од седум метри (17:8) Македонецот и Раул Ентрериос погодија по три пати во првите десет минути од вториот дел и предноста од убедлива, стана недостижна (22:11) Само Анхел Фернандез Перез му се придружи на Петрус и ја одржуваше дистанцата од 10тина разлика. Во последните 12-13 минути, Пасквал комплетно го измени тимот, Арињо погоди два пати во серија, па Лазаров по деветти пат за 28:15 за шпанскиот првак. Во коректна разврска, двете екипи многу грешеа во последната третина од вториот дел и финалните 33:16 откриваат колку сериозно Барса го свати тестот со вториот шпански претставник во Лигата на шампионите. Двојно повеќе голови постигнаа ракометарите на Барселона, а дури 9 пати погоди капитенот на нашата репрезентација Кирил Лазаров. 4 гола постигна Карабатиќ, а Арпад Штербик имаше 17 интервенции. Кај Натурхаус Ла Роха, Петрус со 5 и Тиуменцев со 4 гола, како и секогаш беа најефикасни. Како и минатата сезона, по првите 15 кола од ASOBAL лигата, Барселона има максимални 15 победи и само прашање на време е кога математички ќе ја одбрани титулата. Втората половина од шпанскиот шампионат продолжува на почетокот на фебруари 2014 година, по европското првенство во Данска.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share