hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Дербито во Хуеска, монолог на Барса

07122013

Хуеска - Барселона 30:36 (13:19)

Веројатно најтешкиот натпревар во последниот месец од годината за големата Барса беше гостувањето кај второпласираната Хуеска. Од третиот гостински напад, Сергеј Рутенка од седум метри го отвори резултатот (0:1) Двајцата голмани добро отворија и имаа по 2-3 интервенции уште во раната фаза.

Домаќините дури во 5 минута го постигнаа првиот гол преку Марсело Фуентес, но за каталонците уште два пати успешно шутираше Рутенка за 1:3 во 6 минута. Следуваа два молњевити гола на Јоан Саубич за 1:5 и од стартот најава кој е кој во овој меч. Со атрактивно изведен седмерец Квартеро во 10 минута го измами Даниел Шариќ и намали на 3:6. Мини-серијата на домаќините ја прекина Хуанин Гарсија, кој се придодаде како втор пивотмен и два пати го совлада Карерас (4:8) Кога Ескрибано Родригез реализира низ одбраната на Барса, тоа беше јубилеен 2000 гол за Хуеска во ASOBAL лигата и причина за тајм-аут за Пасквал при 6:8. Петтиот гол на Рутенка го прекина позитивниот период на домаќините. Брзиот проток на топката и честите асистенции за кружните напаѓачи, Хуеска не можеше да ги запре, па Карабатиќ и Рутенка убаво асистираа за голови на Нодесбо и Саубич за 8:11. Марсело Фуентес со вториот гол намали на -2, а во 17 минута во игра влезе Кирил Лазаров на местото на Гурбиндо. Веднаш нашиот капитен се запиша во стрелците за 10:13 во 22 минута. Нодесбо и Арињо со два гола по полуконтри донесоа највисоки +5 на 6 минути до одморот. Агонијата на Хуеска ја продолжи Виктор Томас со нов гол по контранапад и при 10:16 домашниот стручен штаб побара минута одмор. По неколку одбрани на Коралес, Гонзалез Џил од против удар го спушти водството на Барса на 13:18. Со голот на Арињо и уште една интервенција на Шариќ, првиот дел завршува со 13:19 за лидерот на табелата.

Со два гола на Ескрибано започна вториот дел и Хуеска се доближи на 15:19. Никола Карабатиќ во транзиција го постигна првиот гол за гостите во вториот дел (15:20). Но од позиција на лево крило, домаќините ја полнеа мрежата на нововлезениот Штербик и при 17:20, Пасквал побара тајм-аут. Периодот од пет минути на стартот од вториот дел, Хуеска го искористи за позитивни 5:1 и Еспигол спушти на 18:20, пред Раул Ентрериос да ја прекина домашната серија со два гола. Виран Морос „диригираше„ со одбраната, Штербик одбрани две топки, а Лазаров убаво асистираше за Нодесбо за 18:23 во 39 минута. Со четвртиот гол од исто толку обиди, Саубич го врати спокојот кај фаворитот (18:24) Карабатиќ од чекор го продолжи позитивниот момент на гостите за 20:25 во 43 минута. Па Лазаров со својот втор гол на половина од вториот дел, ја потврди најчестата дистанца од +5 за каталонците. Хозе Гонзалез од позиција на десен бек со десна рака го изненади Штербик за 23:27 на 12 минути до крајот на мечот. Рутенка се врати во мечот и со вториот успешно изведен седмерец зголеми на 23:29. Штотуку влезе во игра и Дани Сармиенто се запиша меѓу стрелците за потврда на нова победа за екипата на Пасквал (24:31) Следуваа само серија на обострани голови кои не го менуваа водството од 5-7 гола на гостите. Виктор Томас погоди два пати во серија во 55 и 56 минита за 26:34. Гурбиндо со вториот гол на три минути до крајот ја донесе највисоката предност од 9 разлика за лидерот. Домаќините преку Еспигол и Марсело Фуентес го ублажија поразот до финални 30:36. Очекувана победа на Барса против второпласираната Хуеска со цел ростер како протагонисти. Рутенка со 7 гола се издвои на почетокот и крајот на средбата. Одлични беа сите четири крила на Барса, кои скоро и да не погрешија во текот на сите 60 минути. Лазаров постигна 2 гола и имаше уште 2 асистенции. Во вторник на гости кај Вила де Аранда, Барса ќе брка четвртфинале на Купот на шпанскиот крал и продолжување на шансите за сите титули оваа сезона.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

 

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

 

Share