hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса со најдобар напад и одбрана по шампионската есен

zaDEbiKireiKasl2

Со одигрувањето на 84 од 120 средби од групната фаза, завршија активностите во Лигата на шампионите за 2013 година со мечевите од седмото коло. Само унгарскиот Веспрем ги доби сите седум средби, а рускиот Санкт Петерсбург единствен кој не освои ниту бод.

Барселона која го одигра мечот пред најголем број на гледачи (Динамо Минск - Барселона - 15.320) е водечка во многу категории по првите седум кола. Тимот на Кирил Лазаров го има најдобриот напад со 242 гола и најдобрата одбрана со примени 174 гола. Си тоа на каталонците им припаѓа и најдобрата гол разлика: +68. Барселона ја доби и најубедливата средба во првите седум кола, против Вакер Тун (45:26) Најдобар стрелец во есенскиот дел од групната фаза е Магнус Персон од Халмштад со 68 гола, а Кирил Лазаров постигна 41 гола и се наоѓа на шестото место на голгетерите во најсилниот европски куп.

Share