hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

58 гола на 15 меча - ASOBAL есента на Лазаров

Kiril Lazarov.v1384091562

Со победата над Натурхаус Ла Роха, првакот Барселона го заврши првиот дел од сезоната на ASOBAL лигата со перфектен учинок од 15 победи од исто толку одиграни мечеви и со 30 освоени бода, исто како и минатата година е есенски првак.

Нашиот репрезентативец Кирил Лазаров ги одигра сите 15 натпревари и постигна 58 гола. Најефикасен беше токму на последниот натпревар, кога постигна 9 гола против тимот од Логроњо. Заедно со Карабатиќ, Рутенка и Нодесбо, нашиот ас ја надмина бројката од 50 гола. Со просек од 3,86 гола по натпревар, Лазаров зад себе остави уште една одлична полусезона, во веројатно најсилниот тим во кој настапувал. Минатата сезона во дресот на Атлетико Мадрид беше стрелец на 76 гола, но одигра многу повеќе минути по повредата на Бараше, за разлика од оваа есен кога по ротацијата на Хавиер Пасквал, сите ракометари ја делеа минутажата, па така и Лазаров и Гурбиндо играа делови од сите натпревари. Вториот дел од шампионатот почнува на 1 фебруари, а Барселона му гостува на Сиудад Енкантада.

Share