hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Француското супер-дерби за Монпеље

monoj

Вицешампионот Монпеље му го нанесе првиот пораз на лидерот во француската лига, ПСЖ на Нока Сердарушиќ. Домаќините со минимални 32:31(15:14) ги покажаа своите вредности и ги одржаа шансите за освојување на шампионската титула. Баптист Бонефонд беше првото име на овој дуел, откако постигна седум гола, а го следеше аргентинецот Диего Симонет со пет погодоци.

Кај шампионот на Франција, Микел Хансен и Даниел Нарцис реализираа по шест погодоци. По осум одиграни кола во најсилната француска лига, ПСЖ е во предност од два бода пред Монпеље и Сант Рафаел, кои имаат по 12 бодови.

Share