hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Германија демонстрираше моќ и целосно ја надигра Македонија

batakaa

Германија - Македонија 34:25 (18:13)

Ракометната репрезентација на Македонија во второто коло на Европското првенство го доживеа и вториот пораз. Вечерва загубивме од домашната селекција на Германија со 34:25. Македонија не успеа да парира ниту на вториот силен противник во нашата група, селекцијата на Германија. Момците на Кирил Лазаров не се издигнаа над своите можности и со вториот пораз и теоретски ги загубивме шансите за пласман понатаму.

Германија уште на стартот почна со силно темпо, поведоа со 5:2, но ние вративме со два гола во серија и дојдовме на еден негатива. Но, доближувањето на резултатот беше само предупредување за Германците кои брзо се одлепија, дојдоа и до седум гола разлика 16:9, на одморот се замина со 18:13 за нив.

Второто полувреме почна со апсолутна доминација на Германците, кои за неколку минути стигнаа до убедливи +8. Кон средината на вториот дел не реализиравме пенал преку Никола Костески, а казната стигна со седмерецот на Кнор на десет минути до крајот, за прва двоцифрена предност на противникот (31:21). Во последните десетина минути се играше опуштено и домаќинот дојде со победа од 34:25.

Најефикасен во нашата селекција беше Ненад Костески со шест голови, Пешевски и Јагуриновски постигнаа по четири, а Митев реализираше трипати. Незапирлив во составот на Германија беше Јури Кнор кој постигна 10 голови. Следниот натпревар на Македонија е во вторник од 18:00 часот против Швајцарија. Само со победа на овој дуел ќе го избегнеме последното место во групата.

Share