hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија во група со Словенија во квалификациите за ЕП 2026

ехф ждрепка

Машката ракометна репрезентација на Македонија ги дозна противниците за квалификациите за Европското првенство кое во 2026 година ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка.

Ривали на патот до Европското првенство ќе ни бидат, Словенија, Литванија и Естонија. На ЕП одат првите две од групата, и четири најдобри третопласирани од осумте квалификациски групи. Словенија ќе биде фаворит, а Литванците и Естонците не играа на Европското првненство во Германија, местото во квалификациите го обезбедија преку претквалификации.

Во квалификациите ќе учестуваат 32 репрезентации, а 20 репрезентации ќе обезбедат учество на завршниот турнир.

Група 1:
Словенија, Македонија, Литванија, Естонија

Група 2:
Унгарија, Црна Гора, Словачка, Финска

Група 3:
Исланд, Грција, БиХ, Грузија

Група 4:
Шпанија, Србија, Италија, Летонија

Група 5:
Хрватска, Чешка, Белгија, Луксембург

Група 6:
Холандија, Фарски Острови, Украина, Косово

Група 7:
Германија, Австрија, Швајцарија, Турција

Група 8:
Португалија, Полска, Романија, Израел

Двете најдобри селекции од секоја група и четири третопласирани ќе се квалификуваат на завршниот турнир. Квалификациите за место на овој собир ќе започнат на 4 ноември оваа година, а ќе траат до 11 мај 2025 година.

Share