hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Естонија прв противник на Македонија во евро-квалификациите

nmm

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за пласман на Европското првенство во 2026 година. Нашите најдобри ракометари ќе играат во квалификациската група 1 со репрезентациите на Словенија, Литванија и Естонија. Македонија стартува и завршува на свој терен. Првиот натпревар го играме против Естонија, додека квалификациите ги затвораме со Литванија.

Квалификации за ЕП 2026:

Прво коло:
Македонија – Естонија

Второ коло:
Литванија – Македонија

Трето коло:
Македонија – Словенија

Четврто коло:
Словенија – Македонија

Петто коло:
Естонија – Македонија

Шесто коло:
Македонија – Литванија

Двете најдобри селекции од секоја група и четири третопласирани ќе се квалификуваат на завршниот турнир. Квалификациите за место на овој собир ќе започнат на 4 ноември оваа година, а ќе траат до 11 мај 2025 година.

Share