hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Имаме реални шанси да се пласираме на Европското првенство

lazarov

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација денеска со жрепка ги дозна противниците во квалификациите за пласман на следното Европско првенство во 2026 година. Следниот континентален собир ќе се организира во три држави: Данска, Шведска и Норвешка. Нашите најдобри ракометари ќе играат во квалификациската група „1" со репрезентациите на Словенија, Литванија и Естонија.

Селекторот Кирил Лазаров смета дека Македонија во ваква конкуренција има добри шанси за пласман на Европското првенство.

„Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија. Додека со Словенците ќе пробаме да издвојуваме барем една победа, знаеме дека се работи за квалитетен национален тим кој што успеа да обезбеди oлимписка виза за Париз 2024 година".

Следните тестови за нашиот национален тим се двата мајски дуели против Фарски Острови во баражот за Светското првенство во 2025 година

Share