hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Романија поуспешна од нашите ракометари и во вториот тест во Браила

sp-2019-rakomet-kvalifikacii-romanija-makedonija-13062018-0600

Романија - Македонија 28:24 (15:10)

По поразот во првиот контролен меч во рамките од ЕХФ неделата, и денеска во вториот тест во Браила загуби македонската сениорска ракометна репрезентација од Романија овојпат со резултат 28:24. Романците започнаа фуриозно стекнувајќи позитива од 6:2, ние успеавме да намалиме на 6:4, а нешто подоцна да бидеме и на само „минус еден" (8:7). Но, по првото полувреме избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаа негатива од „минус пет" (15:10).

Црвен картон на стартот од вториот дел доби Цветан Кузманоски, домаќинот не ни дозволуваше повторно да се доближиме резултатски, па до крајот на дуелот само ја одржуваше предноста на пет-шест голови разлика (23:17, 25:20) и рутински дојде до победата.

Најефикасен во редовите на нашата селекција беше Серафимов со пет голови, а по четири имаа Митев и Пешевски. Овие натпревари беа како подготовка за мундијалскиот бараж против Фарски Острови чии натпревари ќе се играат во мај.

Share