hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Бојиновиќ се врати во матичниот клуб

bojinovic 2

38 годишниот поранешен југословенски и српски репрезенттаивец, Младен Бојиновиќ во новата сезона ќе настапува за неговиот матичен клуб,Борац Бања Лука во БиХ. Пред 21 година токму од овој клуб, Бојиновиќ се пресели во Јагодина и Партизан, па скоро две децении настапуваше низ најсилните европски лиги. Адемар Леон, Бидасоа, Барселона, Монпеље и ПСЖ се клубовите во кои настапуваше во текот на кариерата.

Најголемиот успех во клубскиот ракомет му е европската титула со Монпеље во 2003 година, во историскиот двомеч со германскиот Фленсбург. Најверојатно Младен Бојиновиќ, кој долги години беше капитен на српската репрезентација, ќе ја заврши професионалната кариера во Борац Бања Лука.

Share