evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Тоталната статистика на Лазаров на големите приредби

kire 2301

На четирите големи натпреварувања од 2009 година и мундијалот во Хрватска до денес, капитенот на националната репрезентација Кирил Лазаров има импресивна статистика, која е најдобра во нашиот национален тим, а на некои првенства и генерално. Еве ги бројките поврзани со името на Лазаров на овие ракометни смотри:

Повеќе...

ВИДЕО: Лазаров: „Можевме повеќе во Хернинг„

mak-srb-6

Во Данска следуваат клучните натпревари за медали на овој шампионат, а кај нас започна периодот на анализа на оствареното во Скандинавија. Веднаш по пристигнувањето во татковината, капитенот Лазаров ги анализираше претходните две недели во Хернинг:

Повеќе...

Репрезентативците пристигнаа во Македонија

makedonija-crna-gora-2

Ако густата магла и лошите временски услови беа проблем за летот до Данска на ракометната репрезентација на Македонија на 11 јануари, денес без никаков проблем, репрезентативците кои го освоија 10 место на континенталниот собир во Скандинавија близу 15 часот слетаа на аеродромот „Александар Велики„ во Скопје, по два и пол часовен лет со чартер лет Билунг-Скопје.

Повеќе...

ВИДЕО: Јоноски: „Да бевме здрави, можевме повеќе„

aco

Столбот на нашата одбрана Ацо Јоноски ги одигра сите шест меча во Хернинг иако повредата на тетивата му создаваше проблеми и на последните два меча не беше максимално подготвен. Токму здравјето и повредите тој ги смета за главна причина зошто оваа генерација не направи и нешто подобар пласман:

Повеќе...

ВИДЕО: Ојлески: „Овој турнир е големо искуство за мене„

mak-esp-7

Еден од оние кој треба уште долго да го носи дресот на македонската репрезентација е крилото Гоце Ојлески, кој со два и пол одиграни меча во вкупната минутажа во Данска, се враќа побогат за едно големо спортско и животно искуство:

Повеќе...

ВИДЕО: Стоилов: „Оваа генерација може уште подалеку„

stle

Ако европското првенство во Србија му беше феноменално и неповторливо, Стојанче Стоилов одигра одличен континентален собир и во Данска и статистиката говори дека имаше континуитет во настапите, а добро и заврши со светскиот првак Шпанија. Стоилов смета дека овие ракометари го оставија срцето на теренот:

Повеќе...

ВИДЕО: Миркуловски: „Ја разигравме Шпанија во вториот дел„

mak-isl-3

Со седум постигнати гола Филип Миркуловски беше играч на натпреварот против Шпанија во поразот од 11 разлика од светскиот првак. Ракометарот на Металург ја превзеде лидерската улога и го одигра својот најпозитивен меч во Скандинавија .

Повеќе...

Сигурдсон пред Лазаров на врвот на листата на голгетерите

iceland valur

Иако не настапи заради повреда против шпанците Кирил Лазаров на високото второ место на листата на стрелците го заврши настапот по втората групна фаза на европското првенство. Само Гудјон Валур Сигурдсон успеа да го мине со 10 гола против Данска и има реални шанси да биде најдобар стрелец, бидејќи има 12 гола повеќе од првиот ракометар кој останува до крајот на турнирот, Јоан Канељас од Шпанија.

Повеќе...

Во полуфиналето четирите најдобри селекции

France-Hongrie-Omeyer full diapos large

Преостанаа само уште пет натпревари до крајот на шампионатот. Само најдобрите стигнаа да се борат за одличјата и нема дилеми дека тоа се репрезентаците кои најмногу покажаа и заслужија останат до крајот на турнирот. Само Данска нема ниту еден пораз, а останатите полуфиналисти Франција, Хрватска и Шпанија влетаа со еден пораз во големата четворка:

Повеќе...

Хрватска полуфиналист, Данска единствена со шест победи

slavko-goluža-getty

Полска - Хрватска 28:31 (15:14)

Данска - Исланд 32:23 (17:13)

Во меч да се биде или не во Архус, Хрватска ја продолжи позитивната традиција во мечевите против Полска и обезбеди полуфинале против домашната Данска на Улрик Вилбек. Полска подобро го отвори мечот и ги разигра скоро сите свои шутери. Погодуваа Јуркиевич и Лијевски за 4:2, а потоа Јурецки и Лучак зголемија на 6:3. Момците на Голужа полека се консолидираа и до полувремето го ловеа водството на противникот.

Повеќе...

 google StoreIconAmazon