hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Хрватска полуфиналист, Данска единствена со шест победи

slavko-goluža-getty

Полска - Хрватска 28:31 (15:14)

Данска - Исланд 32:23 (17:13)

Во меч да се биде или не во Архус, Хрватска ја продолжи позитивната традиција во мечевите против Полска и обезбеди полуфинале против домашната Данска на Улрик Вилбек. Полска подобро го отвори мечот и ги разигра скоро сите свои шутери. Погодуваа Јуркиевич и Лијевски за 4:2, а потоа Јурецки и Лучак зголемија на 6:3. Момците на Голужа полека се консолидираа и до полувремето го ловеа водството на противникот.

Дувњак го употреби целиот свој репертоар на голови и асистенции и во 19 минута коцкестите израмнија на 9:9. Бартош Јурецки со два гола од линијата го затвори првиот дел со +1 за момците на Биглер. Уште од почетокот на вториот дел, хрватите ја покажаа својата амбиција и за прв пат во мечот поведоа. Два гола на Мануел Штрлек донесоа 15:17 во 35 минута. Полските ракометари станаа се понервозни и Копљар во 39 минута ја донесе најубедливата предност од +4 за Хрватска. Младите Вишњевски и Чкраповски ја „воскреснаа„ Полска, но Слишковиќ и Штрлек на Хрватска му донесоа највисоки 18:23 на половина од вториот дел.

Одбраната на Голужа го неутрализира Јашка и последниот обид на бело-црвените да се вратат во мечот беше голот на Криштоф Лијевски за 24:26 во 52 минута. Бичаниќ и Копљар ја „зацементираа„ победата на хрватите и уште едно полуфинале за оваа генерација како и во Белград, Лондон и Барселона во последните две години (28:31). Кај Хрватска Дувњак, Штрлек и Хорват постигнаа по 6 гола, а кај Полска најефикасни беа Михаел Јурецки со 6 и Криштоф Лијевски со 5 гола.

Данска е единствената репрезентација која сеуште не загубила на првенството. Иако квалификувани тие го декласираа Исланд со 32:23 и во најведра можна атмосфера го чекаат петочното полуфинале со Хрватска. Монолот на данците за 60 минути, во кој Исланд знаејќи го исходот од мечот Австрија - Унгарија, немаше императив да брка победа, бидејќи в џеб имаше меч за 5 место. Така Нодесбо и црномурестуот Ларсен се разиграа и постигнаа 8 од првите 11 гола за црвено-белите. Разновидна беше играта на домашната репрезентација, која постигна 17 гола во едно полувреме, три од нив на Микел Хансен (17:13). Само 34 годишниот Гудјон Валур Сигурдсон парираше со 6 гола до одморот. Вилбек во вториот дел шанса му даде на Мелгард, а одлично разигруваше и Бо Спелерберг. Во еден момент предноста се искачи на високи +11, за да на крајот конечниот резултат да гласи 32:23 за Данска. Најефикасни кај домашните ракометари беа Мадс Менсах Ларсен со 8 и Јеспер Нодесбо со 4 гола, а кај исланѓаните единствена светла точка беше Сигурдсон со 10 гола.

Share