hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Тоталната статистика на Лазаров на големите приредби

kire 2301

На четирите големи натпреварувања од 2009 година и мундијалот во Хрватска до денес, капитенот на националната репрезентација Кирил Лазаров има импресивна статистика, која е најдобра во нашиот национален тим, а на некои првенства и генерално. Еве ги бројките поврзани со името на Лазаров на овие ракометни смотри:

СП во Хрватска 2009 година

Кирил Лазаров - стрелец на 92 гола (просек 10 гола по натпревар)
*Најдобар стрелец на шампионатот
*Најдобар стрелец на сите светски првенства
*Најдобар просек на голови по натпревар на едно големо натпреварување
*133 гола вклучувајќи ги и квалификациите
*Најдобар асистент на турнирот
*Најдобар поентер на турнирот (голови и асистенции)

ЕП во Србија 2012 година

Кирил Лазаров - стрелец на 61 гол (просек 8,7 гола по натпревар), 30 асистенции
*Најдобар стрелец на шампионатот
*Најдобар просек на голови на голгетери во историјата на европските првенства
*89 гола вклучувајќи ги и квалификациите
*Втор најдобар асистент на првенството
*Најкорисен играч на шампионатот по бројот на постигнати голови и бројот на асистенции

СП во Шпанија 2013 година

Кирил Лазаров - стрелец на 44 гола (7,33 гола по натпревар) и 22 асистенции
*Најдобар македонски стрелец на турнирот
* МВП на првата групна фаза на целиот турнир + 8 гола во осминафиналето со Германија
* Најдобар асистент во македонската репрезентација
* Втор најдобар асистент на целиот турнир по групната фаза

ЕП во Данска 2014 година

Кирил Лазаров - стрелец на 38 гола (7,6 гола по натпревар) и 22 асистенции
*Најдобар стрелец по првата групна фаза и по пет одиграни натпревари и втор најдобар стрелец на турнирот по целата групна фаза
*Втор најдобар асистент во нашата репрезентација

 

Share