hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шведска ја изненади Франција, Австрија ја победи Унгарија

francija joli

Франција - Шведска 28:30 (16:14)

Австрија - Унгарија 25:24 (9:13)

Веќе квалификуваната Франција перфектниот турнир во Архус го подрасипа со пораз против Шведска во меч на двата финалисти на последниот олимписки ракометен турнир. Французите со комплетна ротација од која не беше поштеден ниту Тјери Омејер, од стартот ја наметнаа цврстата одбрана и погодија неколку пати од контранапад преку Гигу и Жоли. Дури девет пати во текот на првото полувреме предноста на „триколорите„ изнесуваше два гола.

Карабатиќ погоди за 11:9, па Акамбре за 13:11, а на одмор се отиде со 16:14, откако за швеѓаните завршните голови во првиот дел ги постигна Карлсон. Второто полувреме продолжи со иста инерција, само што се разигра Даниел Нарцис и погоди два пати од 9 метри за 21:19 во 42 минута од мечот.Но во централната фаза од мечот „трите круни„ го свртија резултатот. Калман и Јакобсон уловија две контри а Нилсон од линијата за прв пат ја доведе Шведска во водство (23:25) во 52 минута. Карлсон и Јакобсон во 55 минута дефинитивно го одлепија шведскиот табор за 24:28. Алекс Ниокас во самиот финиш реагираше, но беше предоцна да се избегне првиот пораз на момците на Клод Онеста (28:30). Во шведската репрезентација по 6 гола постигнаа Карлсон и Јакобсон, а Матијас Андерсон собра 9 одбрани.

Кај Франција 4 гола на Жоли, по 3 постигнаа Акамбре, Нарцис и Жером Фернандез. И без повредениот Габор Анчин, унгарската репрезентација знаеше дека мора да ја совлада Австрија со што е можно поголема разлика и да се надева дека Данска ќе одигра чесно со Исланд. Во игра беше 5 место и можеби директна виза за мундијалот во Доха наредната година. Иванчик и Мочаи добро го почнаа натпреварот и Унгарија се одлепи на 5:2 и подоцна на 8:5. Но Австрија како и на целиот турнир игра непредвидливо и преку Силаги се доближи до 10:9.

Сепак момците на Мочаи до одморот преку Сачафаи побегнаа на +4 и само Сантос со два гола во завршницата на првиот дел ги остави во колку-толку тесно заостанување (9:13). Настојчивоста на австријците во 43 минута даде резултат и момците на Јоханесон израмнија на 18:18. Два пати Зиура и една Шлингер погодија од надворешните позиции и мечот влезе во драматични води. Дури и белите поведоа откако Бауер лансираше контра за Сантос и со 19:18 се влезе во последните 12 минути од мечот. Часар и Корнел Наџи направија нов превсрт за 20:21 во 52 минута. Ред беше на австријците да возвратат, па Зиура и Силаги погодија за 23:22, а имаше само уште 6 минути до крајот. Голот на Колар во 57 минута значеше прво водство од +2 за Австрија. Вадкерти прокоцка зицер, откако неговиот лоб удар заврши крај голот и на влезот во последната минута Австрија имаше напад и еден гол предност. Без да го чуваат времето австријците преку Роланд Вебер ја верификуваа победата (25:24). Силаги и Сантос со по 6 и Вебер со 5 гола најефикасни кај момците на Јоханесон, а Иванчик постигна 5 кај поразената Унгарија. Со оваа победа Австрија е на 11 место, а Унгарија не може под 7 место.

Share