hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Среќна нова и Честит Божик!

kire 02012013

Официјалната веб страна на Кирил Лазаров (www.lazarovkiril7.com) на сите државјани на Македонија, на сите вљубеници во спортот и сите читатели на оваа веб страна им ги честита новогодишните и божиќните празници, со желба за добро здравје и успех во сите сфери на животот, посебно во спортот.

НОВОГОДИШНО ИНТЕРВЈУ: Година за паметење, но секогаш може подобро!

kire sport naslovna

Секој разговор со нашиот најдобар и најпопуларен ракометар Кирил Лазаров е нова животна лекција. Во секој негов искажан збор, секоја негова теза или анализа се гледа неговата каризма и лидерство. Можат да се прочитаат и нескриените мотиви за секој нареден натпревар, посебно кога го носи дресот со државниот грб. Новогодишното интервју за „Македонски спорт„ со нашиот најистакнат спортист во 2012 година ни открива многу работи во најемоционалната, најтурболентната, но и најуспешна година во кариерата на Кирил Лазаров

Повеќе...

„Lequipe„ го круниса Лазаров во идеалниот тим

kire 30

Престижниот француски спортски весник „Lequipe„ го сврсти нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров во идеалниот тим за 2012 година. Со своите извонредни игри, освоените титули, постигнатите голови и каризмата, Лазаров заслужи место меѓу великаните.

Повеќе...

Лазаров за магазинот „Граѓански“ - „Не поставувајте ни нереални цели„

kire intervju graganski

Во својот новогодишен двоброј магазинот „Граѓански„ се одлучи за актуелен разговор со еден од оние кои ја одбележаа годината која полека изминува. Новинарот Васко Попетревски разговараше со македонскиот ракометар Кирил Лазаров, а ова е интегрално издание на интервјуто кое може да го прочитате доколку го купите овој магазин на киосците.

Повеќе...

Нова номинација за Кирил Лазаров

kire 29 12 2012

Агенцијата за млади и спорт ги објави номинираните спортисти во изборот за најдобрите во 2012 година. Кирил Лазаров е номиниран за најдобар македонски спортист во странство.

 

Номинирани за Спортист на годината 2012 година

Повеќе...

Лазаров во 2012: 366 дена - 429 гола

Kiril Lazarov ayer

Oд 16 јуни и мечот во Виена против Австрија во баражот за СП во Шпанија, до стартот на IHF Супер глоб кој почна на 27 август беше единствениот период без натпревари во 2012 година за Кирил Лазаров.

Повеќе...

Оптимистички +7 против Саудиска Арабија

 

kire 28 12 2012

Македонија - Саудиска Арабија 28:21 (15:9)

По една недела заеднички тренинзи, макеоднската ракометна репрезентација скоро комплетна, единствено без Борко Ристовски, го одигра првиот контролен натпревар во подготовките за мундијалот во Шпанија. Саудиска Срабија беше противник по мерка на половина од зацртаната програма на Шундовски.

Повеќе...

Лазаров за Нова Македонија: „Играчките амплитуди мораме да ги намалиме„

kire nova makedonija

Пред уште еден старт на подготовки за еден голем настан, Кирил Лазаров говореше за еден од најтрадиционалните дневни весници во Македонија – „Нова Македонија„ Престојното Светско првенство и нашите опции на него, беа главната тема на разговорот со новинарот Гоце Илковски. Го пренесуваме најважниот дел од интервјуто со Лазаров:

Повеќе...

ФОТО: Кире и Каролина = добитната комбинација на „Пелистерка„

kire karolina dime

Синоќа во „Колосеум„ во Скопје се одржа презентацијата на новиот календар на „Пелистерка„ по повод 60 годишнината од постоењето на овој наш бренд. Како звезда на вечерта блескаше Каролина Гочева, која е заштитно лице на „Пелистерка„ Веќе со година и Кирил Лазаров е насекаде со успесите на „Пелистерка„ бидејќи најдобрите одат со најдоброто.

Повеќе...

Мундијалот на дланка со „Пелистерка„

kire pelisterka

Официјалната веб страна на Кирил Лазаров во соработката со спонзорот „Пелистерка„ чие заштитно лице е токму нашиот најдобар ракометар подготвуваат специјален проект посветен на СП во Шпанија во јануари 2013 година.

Повеќе...