hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров за Нова Македонија: „Играчките амплитуди мораме да ги намалиме„

kire nova makedonija

Пред уште еден старт на подготовки за еден голем настан, Кирил Лазаров говореше за еден од најтрадиционалните дневни весници во Македонија – „Нова Македонија„ Престојното Светско првенство и нашите опции на него, беа главната тема на разговорот со новинарот Гоце Илковски. Го пренесуваме најважниот дел од интервјуто со Лазаров:

„Пред сѐ посакувам да бидеме сите здрави, бидејќи имаме 4-5, да ги наречам „капиталци" во репрезентацијата, па секое отсуство на еден од нив секако дека многу ќе се почувствува. Секој пласман подобар од 11-то место, кое го освоивме на СП во Хрватска, за мене би претставувало голем успех. А за да успееме во оваа намера, тогаш секој натпревар треба да го сфатиме како последен, без разлика дали играме со Катар, Чиле или со Франција и од првата минута да одиме на победа. Со други зборови, не смееме да си дозволиме опуштање, бидејќи го немаме тој квалитет, како некои репрезентации, па да можеме кога сакаме да ја креваме формата„ вели Лазаров. Капитенот на репрезентацијата е свесен дека на ова СП треба да се биде реален, со оглед на квалитетот на преостанатите селекции-учеснички. „Не можеме да се носиме со големите ракометни сили, како што се Франција, Данска, Русија..., бидејќи тие имаат поголем избор на играчи отколку ние. Но, од друга страна, ова има и добра страна за нас, бидејќи конкуренцијата за репрезентативниот дрес станува и поголема. Сепак, во иднина би било подобро овој избор на репрезентативци да се зголеми до 40, така што и на селекторот би му било полесно„ вели Лазаров.

Погледнете го интервјуто во интергрално издание ТУКА:

Share