hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Освои ја Севиља!

osvoi ja sevilja3

Страста кон спортот, конкретно кон ракометот и големата љубов кон нашата татковина како најчесто да ја чувствуваме кога доаѓаат големите спортски приредби. А македонци има буквално насекаде, па и во Севиља -наредната дестинација на „Фалангата„ Преку официјалната страна на Кирил Лазаров го запознавме Јосиф Мирчески.

Повеќе...

Лазаров: "Успехот на мојот тим е поважен од моите голови"

kire intervju za 06 01 2013

На неколку дена до стартот на Светското првенство во Шпанија, најдобриот стрелец во историјата на мундијалите Кирил Лазаров е преплавен од припадници на седмата сила. Така македонските и странските медиуми го бараат неговото мислење поврзано со големиот настан кој не очекува и подготвеноста на Македонија за своето трето учество на најголемиот ракометен собир. За официјалната веб страна на организаторот IHF, Лазаров даде искрено и детално интервју.

Повеќе...

Минималец за Србија и покрај одличниот наш настап

mkd 05 2013

Србија - Македонија 26:25 (13:13)

Како и пред стартот на Европското првенство во јануари минатата година, Србија на Веселин Вуковиќ пак ни беше последен спаринг партнер во подготвителниот период и пак во Ниш. Иако го имаа првиот напад нашите ракометари лошо ја пробиваа противничката зона (6-0) и не ги реализираа првите три напади. Затоа домаќинот со головите на Илиќ, Никчевич и Тоскиќ поведоа со 3:0.

Повеќе...

ВИДЕО: Лазаров ја повика „Фалангата„ во Севиља

kire 05 01 20123

Во промоцијата на Светското првенство на официјалната веб страна на натпреварувањето се обрати и нашиот капитен. За шпанците добро познатиот Кирил Лазаров на македонски јазик ја повика македонската армија на навивачи уште еднаш да ја покаже страста кон ракометот и својата татковина и да ги наполни арените на Пиринеите.

Повеќе...

Совладан и Египет, радува формата на црвено-жолтите

den-mkd 7

Македонија - Египет 32:28 (18:12)

Последната фаза од подготовките за Светското првенство и последниот филтер за дефинитивниот список на Шундовски за Севиља, почна вечерва во Ниш со пријателскиот меч со стариот познаник Египет. За прв пат црвено-жолтите настапија комплетни по приклучувањето на Борко Ристовски кој не настапи со Саудиска Арабија.

Повеќе...

Три теста во три дена за Данска и за Катар

qatar 1

Eвропскиот шампион Данска и противник на Македонија во групата Б во Севиља на Светското првенство во Шпанија вечерва стартува со одигрувањето на контролните натпревари. Данците досега се подготвуваа во Архус, а тест натпреварите ќе ги одиграат во Скјерн и во Алборг. Противници во следните три дена ќе им бидат: Тунис, Црна Гора и Словенија.

Повеќе...

Хумана иницијатива на РК Загреб Кроација Осигурање

 

lazarov dres 03

Ракометниот клуб Загреб Кроација Осигурање синоќа организираше хуманитарна вечера наречена "Вечер на хрватскиот ракомет". Целта беше да се соберат средства за да им помогне на возрасните луѓе со интелектуална попреченост.

Повеќе...

Лазаров за „Република„: „Ракометот ми е сѐ„

kire republika

Лазаров имаше неверојатно успешна година во која селекцијата го освои петтото место на ЕП,играше квалификации за ЛОИ, го освои пехарот на ИХФ Супер глоуб, францускиот спортски весник „Л'Екип" неодамна го круниса воидеалниот тим на светот за 2012 година.

Повеќе...

Осминафиналето е прв приоритет

kire 03 01 1

На прес-конференцијата која заеднички ја организираа РФМ и МОК во СРЦ „Кале„ во Скопје, македонските ракометни репрезентативци и селекторот се обратија до јавноста пред утрешното заминување за Ниш.

Повеќе...

ВИДЕО: Подршка од МОК за репрезентацијата пред мундијалот

borko i kire so mok golema

Пред заминувањето во Ниш каде репрезентацијата на Македонија на Звонко Шундовски ќе одигра два контролни натпревари, стигна одлична вест за нашата селекција.На денешната прес-конференција претседателот на МОК, Васил Тупурковски објави дека комитетот одвои 20.000 долари за машката ракометна репрезентација, како дополнителен поттик за достојно репрезентирање на нашата земја на наредниот мундијал во Шпанија.

Повеќе...