hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Капитенот се приклучува кон репрезентацијата

kire 25 12 2012

По 73 одиграни натпревари во годината која изминува не се чувствува замор кај нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров. Само ден по финалето на ASOBAL Купот, Лазаров се врати во Македонија и само на кратко имаше ден-два да ги посети најблиските и веднаш им се враќа на обврските. Денес со авионски лет до Венеција, па потоа пат до Пореч во Хрватска, капитенот ќе им се приклучи на репрезентативните колеги во „Операцијата Шпанија 2013„ Како никогаш во својата кариера Лазаров имал исполнета репрезентативна агенда во една тековна година.

Мечот в петок со Саудиска Арабија ќе му биде 18 во дресот на Македонија во 2012 година и тоа како никогаш до сега играше во сите натпреварувања: Европско првенство и квалификации за ЕП, квалификации за СП, Олимписки квалификации, пријателски средби. Како и сите репрезентативци, Лазаров вечерва ќе тренира во Пореч, а селекцијата комплетна ќе го дочека тестот со Саудиска Арабија. За новогодишните празници, репрезентативците ќе бидат во татковината и ќе добијат два слободни дена, а од 2 јануари започнува „брусењето„ на формата низ нова сесија на тест мечеви. Во за нас таличниот „Чаир„ во Ниш на 4 и 5 јануари ќе одиграме два контролни меча со Египет и Србија. Пет дена подоцна преку Софија нашата делегација патува за Андалузија за третото учество на едно Светско првенство.

Share