hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Мундијалот на дланка со „Пелистерка„

kire pelisterka

Официјалната веб страна на Кирил Лазаров во соработката со спонзорот „Пелистерка„ чие заштитно лице е токму нашиот најдобар ракометар подготвуваат специјален проект посветен на СП во Шпанија во јануари 2013 година. Имено оваа веб страница ги доби потребните акредитации за следење на големиот настан и секојдневно на официјалната веб страна ќе емитува специјални прилози, изјави, извештаи, прес-конференции, занимливости од местото на настанот. Почнувајќи од Севиља каде што ќе ја играме првата групна фаза, постојано ќе емитуваме сервисни информации како сите наши читатели и гледачи би биле во тек со настаните околу нашата репрезентација и самиот голем настан. „Пелистерка„ постојано ги препознава големите спортски настани, а насекаде го следи и Лазаров, кој ќе ја предводи македонската селекција. Сите останати медиуми ќе можат слободно да ги користат сите информации, фото и видео материјали кои ќе бидат објавени на официјалната веб страна на Кирил Лазаров. Нашата цел е и заедничка - Македонија да го оствари најголемиот успех во историјата на Светските првенства.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share