Македонија со најдобар процент во напад на турнирот (74%)
Статистиката често знае да даде многу одговори, околу тоа како игравме до сега. Но често знае и да не залаже. Таа на овој турнир досега покажува дека нашите ракометари играат одлично во нападот. На дуелот со Чиле, нашите ракометари постигнаа 30 гола од 42 обиди, а со Катар имавме реализација од 34 гола од 44 обиди. Вкупно гледано, тоа се 64 голови од 86 обиди или огромен процент на реализација од 74 отсто.
ВИДЕО: Стоилов: „Ни годи сонцето, ни лежи и Исланд„
Ако покрај победите на македонската експедиција во Севиља составена од ракометари, стручен штаб, оперативци, новинари и навивачи нешто посебно им годи, тоа е андалузиското сонце.
ВИДЕО: Шундовски: „Ние секогаш играме под притисок„
На денешниот брифинг пред хотелот „Барсело Ренасименто„ во Севиља по андалузиското сонце, селекторот Звонко Шундовски направи детална анализа на сработеното и најави што треба да очекуваме утре против Исланд.
Лазаров прв стрелец на мундијалот по три дена
Добрата форма на Кирил Лазаров се чувствува во првите два натпревари. Најдобриот стрелец на мундијалите повторно одлично стартуваше и по три натпреварувачки дена на СП во Шпанија го запоседна врвот на листата на стрелците со 17 постигнати голови на две одиграни средби.
ВИДЕО: Кристјансон: „Лазаров и Мојсоски најопасни„
Од ова големо натпреварување нашиот старт ривал Исланд има нов млад селектор, тоа е Арон Кристјансон. Во минатото често сме играле со „рибарите„ и секогаш мечевите биле неизвесни и полни со драматика.
Данска подобра од Русија, Тунис ја изненади Германија
Репрезентацијата на Данска ја совлада Русија со 31:27 со што се најде на првото место во Групата Б. По комплетирањето на втората рунда Македонија е на второто место во група. Токму нашата селекција и данската репрезентација имаат максимален учинок по две одиграни кола. На третиот меч Исланд ја совлада селекцијата на Чиле со убедливи 38:22, а како што е веќе познато Македонија беше подобра од Катар со 34:30.
ВИДЕО: Ристовски: „Со Чиле делувавме уморно, со Катар личевме на себе„
Иако не е 100% фит и во текот на мечот со катарците се жалеше на болки, голманот Борко Ристовски, кога противникот најопасно се доближи ја покажа својата класа и со серија на интервенции успеа да го сочува водството.
ВИДЕО: „Фалангата„ секогаш има позитивни вибрации
Истата група на македонски навивачи само ја смени трибината во „Павиљон Сан Пабло„ и во текот на сите 60 минути непрестојно ја бодреше националната репрезентација. Без оглед што можеби Исланд во овој момент има најмногу навивачи во групата во Севиља, најгласни се македонските фанови.
ВИДЕО: Михајловски: „Најважни се бодовите, ќе дојдат и добрите партии„
Првиот човек на РФМ Михајло Михајловски видно задоволен од презентацијата и освоените бодови, по мечот ја истакна важноста да се добијат првите две средби во кои императивот беше врз нас.
ВИДЕО: Мојсоски „Покажавме дека не сме оние против Чиле„
Еден од најдобрите на мечот со Катар, стружанецот Наумче Мојсоски потврди дека и покрај тренинзите и подготовките на 3-3 одбраната на Катар, тоа било клучниот детал за враќањето на противникот во мечот. Но ракометарот на Металург ја велича вербата во себе на оваа генерација на ракометари.