hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров во 2012: 366 дена - 429 гола

Kiril Lazarov ayer

Oд 16 јуни и мечот во Виена против Австрија во баражот за СП во Шпанија, до стартот на IHF Супер глоб кој почна на 27 август беше единствениот период без натпревари во 2012 година за Кирил Лазаров. Во остатокот на оваа година нашиот најдобар ракометар практично играше натпревар на секои три дена. Ова беше најнапорната, но веројатно и најуспешната година во кариерата на Лазаров. Никогаш порано не постигнал толку многу голови, а тие донесоа и многу значајни победи и неколку трофеи: IHF Супер глоб, Купот на шпанскиот крал, MВП (најкорисен играч според „Handball planet„) и најдобар стрелец на ЕП во Србија, втор најдобар стрелец на Лигата на шампионите за сезоната 2011/12.

Репрезентација - Европско првенство - 7 меча (61 гол)

Репрезентација - Олимписки квалификации - 3 меча (18 гола)

Репрезентација - Квалификации за СП - 2 меча (14 гола)

Репрезентација - Квалификации за ЕП - 2 гола (14 гола)

Репрезентација - Пријателски натпревари - 4 меча (29 гола)

IHF Супер глоб - 4 меча (28 гола)

Супер куп на Шпанија - 1 меч (4 гола)

Куп на шпанскиот крал - 4 меча (20 гола)

ASOBAL Куп - 2 меча (8 гола)

ASOBAL лига 2011-12 -15 меча (78 гола)

ASOBAL лига 2012-13 - 15 меча (71 гол)

EHF Лига на шампиони 2011-12 - 8 меча (48 гола)

EHF Лига на шампиони - 7 меча (36 гола)

Вкупно: 74 меча (429 гола) - 5,79 %

Заради тренерска одлука ги пропушти само мечевите со Веспрем во претходното издание на EHF Лигата на шампионите и во Кил во овосезонското издание.

Share