Лазаров: Имаме добри спомени од Хрватска, јас сум умерен оптимист пред овој турнир
Македонската ракометна репрезентација ги прави последните подготовки во Скопје пред да замине за Хрватска, каде најпрво во Вараждин ќе одигра контролна средба со домаќинот на 8.јануари, а една недела подоцна ќе ги почне и натпреварите на Светското првенство.
РФМ и Македонски Телеком ја продолжија соработката и во 2025 година
Македонски Телеком останува партнер на Ракометната Федерација на Македонија, а со тоа поддржувач на македонската ракометна репрезентација.
Србија за нијанса подобра во контролката со Македонија во Стара Пазова
Србија - Македонија 34-29
Заврши првата фаза од подготовките на македонската ракометна репрезентација, Момците на селекторот Лазаров загубија од Србија на последниот контролен натпревар во Стара Пазова. Овој дуел влета во програмата по откажувањето на Саудиска Арабија.
Македонските ракометари го надиграа и Динамо Панчево на подготовките во Стара Пазова
Македонија - Динамо Панчево 51:46
Подготовките на машката ракометна репрезентација на Македонија продолжуваат според планот. Момците на Кирил Лазаров забележаа победа и на вториот тест на подготовките во Србија.
Ракометната репрезентација на Македонија е најдобра селекција во 2024 година
Вечерва во Македонската опера и балет се одржува изборот за Спортист на годината по јубилеен седумдесетти пат
Министерството за спорт за првпат организираше церемонија на која се избираа спортистите и клубовите кои ја одбележаа 2024 година.
Кирил Лазаров е тренер на годината во изборот на Министерството за спорт
Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија, на свечена церемонија во Националната опера и балет, ги прогласија најдобрите во македонскиот спорт за 2024 година. Традиционалната манифестација „Спортист на годината" оваа година одбележува 70-годишен јубилеј.
Убедливо совладан Нови Београд во првиот тест во Стара Пазова
Македонија - Нови Бепград 85:44
Само три дена по стартот на подготовките за Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска, репрезентација на Македонија го одигра првиот контролен турнир. Момците на Кирил Лазаров во натпревар трипати по триесет го совлада српскиот суперлигаш Нови Београд со 85:44.
Започнаа мундијалските подготовки, главната фаза во Стара Пазова
Ракометната репрезентација на Македонија утрово го имаше собирот за старт на подготовките за СП 2025. По собирот, македонската експедиција веднаш се упати за Стара Пазова, каде што ќе биде осум дена.
Познат списокот за македонски адути за Светското првенство
Селекторот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за подготовките и настапот на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. На списокот се ракометари кои играат само во македонските клубови.
Лазаров го соопшти поширокиот список за Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка
Македонскиот селектор Кирил Лазаров денес го објави поширокиот список ракометари за Светското првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. На списокот на Лазаров се најдоа 35 ракометари, од кои поголемиот дел играат во домашното првенство.